Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Макфакс
/ 24.05.2025 / 09:53

Европската унија работи со добра волја за да обезбеди спроведување на трговскиот договор со САД заснован на почитување, а не на закани, рече европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ, по коментарите на Доналд Трамп за можни царини од 50%.

Американскиот претседател рече дека не бара трговски договор со Европската унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50% на увозот од 27 земји-членки почнувајќи од 1 јуни.

„ЕУ е целосно ангажирана и решена да гарантира договор што функционира за двете страни“, напиша Марош Шефчовиќ на Х по разговорите со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир и министерот за трговија Хауард Лутник.

„Трговијата меѓу ЕУ и САД мора да се води од взаемно почитување, а не од закани. Подготвени сме да ги браниме нашите интереси“, додаде европскиот комесар.

На почетокот на мај ЕУ се закани дека ќе воведе царини за увоз од САД во вредност од 95 милијарди, што се однесуваат на автомобили и авиони, доколку пропаднат трговските преговори со Трамп.

Комисијата најави и дека трговските мерки што САД ги воведуваат против неа ќе ги извести и до Светската трговска организација (СТО).

Во последните месеци, ЕУ три пати беше погодена од царините на американската администрација: 25% за челик и алуминиум, кои беа објавени во средината на март, 25% за автомобили, а потоа 20% за сите други европски производи во април.

Неодамна објавените тарифи беа суспендирани до јули за да се овозможат преговори, но царините од 10 отсто сè уште важат за повеќето стоки што 27-те земји-членки ги извезуваат во Соединетите држави.

Доналд Трамп редовно ја напаѓа Европа откако се врати во Белата куќа во неговиот втор мандат, сметајќи ја, како што рече, полоша од Кина во однос на трговските односи.

Соединетите држави го проценуваат својот дефицит со ЕУ во 2024 година во размена на стоки на 235 милијарди долари, но Европската комисија посочува дека американскиот суфицит во услугите го намалува трговскиот дефицит на 50 милијарди евра (околу 57 милијарди долари).

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Свет

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Read more

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Read more

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Read more

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе