Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Макфакс
/ 15.07.2025 / 08:23

Високиот руски функционер, Константин Кошачов, порача дека заканите од американскиот претседател, Доналд Трамп, за 100% царини воопшто не влијаат врз ставот на Москва.

„Тоа не нѐ допира ни најмалку“, изјави потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент.

„Ако тоа беше сè што Трамп денес имаше да каже за Украина, тогаш целиот притисок испари“, додаде Кошачов.

Тој тврди дека Европа сега ќе мора сѐ повеќе да плаќа, бидејќи бесплатниот ручек за нив се покажа како замка. Дополнително, ги обвини САД дека се единствениот вистински добитник од новата политика, затоа што американската воена индустрија профитира.

„Украина може да продолжи да води војна до последниот Украинец“, изјави Кошачов, заклучувајќи: „За 50 дена многу може да се смени – и на бојното поле и во расположението на оние кои носат одлуки во САД и НАТО.“

Трамп вчера најави нов пакет воена помош за Украина, кој ќе се реализира преку модел во кој САД го произведува и продава оружјето на земјите-членки на НАТО, а тие потоа го испраќаат во Киев. Тој нагласи дека Украина итно има потреба од опрема и дека САД ќе ѝ испорачаат „најмодерно оружје“, додека европските земји ќе ги покријат сите трошоци.

Истовремено, Трамп се закани со воведување на 100% царини за Русија ако во рок од 50 дена не прифати договор за завршување на војната. Најави и т.н. секундарни санкции за сите земји кои ќе продолжат да купуваат руска нафта, што подоцна го потврди и Белата куќа.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Свет

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Read more

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Read more

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Read more
 

Вести

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Читај повеќе