Пркосот победи: Фицо ја заобиколи пола Европа за да стигне до Путин

Владиниот авион во кој се наоѓа словачкиот премиер Роберт Фицо лета кон Москва по јужна рута, откако Естонија, Латвија и Литванија одбија да му дозволат прелет на словачкиот авион.

Весникот Denník N ја објави рутата на летот на Фицо - поминува преку Унгарија, Романија, Црното Море, Грузија и Русија. Планирано е да слета во Москва во 20:26 часот по средноевропско време, додека полета од Братислава по 15:00 часот. Иако летот до руската престолнина обично трае околу 2 и пол часа, Фицо ќе патува повеќе од 5 часа поради заобиколната рута.

Покрај премиерот, во авионот се наоѓаат и двајца европратеници од партијата Смјер, како и еден пратеник во словачкиот парламент од истата партија.

Премиерот на Словачка во среда објави дека поради горенаведените компликации, нема да може да присуствува на настаните планирани за четврток вечер во Москва. Фицо, кој ќе учествува на одбележувањето на 80-годишнината од Победата над фашизмот, го опиша ставот на балтичките земји како намерен обид да се спречи неговата посета.

Во петок, Фицо треба да положи венец на гробот на Непознатиот херој и да присуствува на воената парада на Црвениот плоштад - како единствен лидер на ЕУ што ќе присуствува. Планирани се и негови средби со претседателите на Русија, Кина, Бразил и Виетнам.

Словачката опозиција остро ја критикуваше посетата на Фицо на Москва. Шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, исто така предупреди дека посетата на земја која воено ја напаѓа Украина нема да биде без последици.

Граѓанската иницијатива „Мир во Украина“ постави голем знак „Збогум Фицо“ на земјиштето до аеродромот „М.Р. Штефаник“ во Братислава во средата. Иницијативата во четврток објави дека нивниот знак бил отстранет преку ноќ.

Во Москва се и кинескиот претседател Си Џинпин, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Од Македонија од синоќа таму пристигнат е лидерот на опозициската партија Левица, Димитар Апасиев.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе