Путин прогласи прекин на огнот за Велигден, Киев тврди дека Русите сѐ уште напаѓаат

Макфакс/Кајгана
/ 20.04.2025 / 09:46

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја обвини Русија дека продолжува со нападите во текот на ноќта и покрај едностраното прогласување на прекин на огнот за велигденските празници.

„Генерално, на Велигденското утро можеме да кажеме дека руската војска се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува да се обидува да напредува на теренот и да нанесува загуби на Украина“, напиша Зеленски на X, цитирајќи информации од врховниот командант Олександр Сирскиј.

Зеленски наведува дека биле забележани 387 случаи на гранатирање и 19 напади на руските сили, а тие користеле беспилотни летала 290 пати.

„Нашите борци одговараат на непријателот на заслужен начин, врз основа на секоја борбена ситуација. Украина ќе продолжи да дејствува асиметрично“, додаде Зеленски во објавата на социјалната мрежа.

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите сили да ги прекинат нападите од 18 часот по Московско време во сабота до крајот на неделата. Католичките и православните верници годинава го слават Велигден на ист ден, што не е секогаш случај бидејќи Католичката црква го користи Грегоријанскиот, а Православната црква Јулијанскиот календар.

Зеленски и другите украински официјални лица беа скептични за краткорочниот прекин на огнот што Путин го објави во последен момент во саботата. Потоа на сите руски борци на украинските фронтови им го честита Велигден.

Во неделата Зеленски го повтори својот предлог за продолжување на прекинот на огнот за 30 дена за „да му се даде шанса на мирот“.

„Ќе дејствуваме во согласност со ситуацијата на теренот“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека сите руски сили ќе го почитуваат прекинот на огнот под услов и украинската страна да го почитува.

реклама

Свет

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Read more

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе