Путин се пофали со Летачкиот Чернобил, Трамп: Треба да ја завршите војната, не да тестирате ракети

Макфакс
/ 27.10.2025 / 08:47

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен погон е „несоодветна“.

„Треба да ја завршите војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа е она што треба да го правите, а не да тестирате ракети“, им рече Трамп на новинарите на авионот Air Force One.

Што објави Путин вчера?

Рускиот претседател Путин вчера објави дека Русија успешно ја тестирала својата крстосувачка ракета со нуклеарен погон Буревестник, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да го избегне секој одбранбен систем, и дека ќе започне со распоредување на оружјето. Американците ја нарекуваат ракетата Летачки Чернобил.

Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рекол на Путин дека ракетата прелетала 14.000 км и била во воздух околу 15 часа, кога беше тестирана на 21 октомври.

Русија тврди дека ракетата 9M730 Буревестник – наречена SSC-X-9 Skyfall од НАТО – е „непобедлива“ за сегашната и идната противракетна одбрана, со речиси неограничен дострел и непредвидлива патека на лет.

„Тоа е уникатно оружје што никој друг во светот го нема“, рече Путин, облечен во камуфлажна униформа, на состанокот на командниот пункт со генералите што ја надгледуваат војната во Украина, во соопштение објавено од Кремљ во неделата.

Remote video URL

Путин рече дека некои руски експерти еднаш му кажале дека такво оружје веројатно никогаш нема да биде можно, но сега, рече тој, неговото „клучно тестирање“ е завршено.

Герасимов рече дека ракетата е на нуклеарен погон и дека овој тест е различен затоа што летала на толку голема далечина, иако нејзиниот дострел е во суштина неограничен. Тој рече дека може да ја победи секоја ракетна одбрана.

Remote video URL
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Свет

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Read more

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Read more

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Read more

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Read more
 

Вести

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе