Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините

Земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Минданао на југот на Филипините според Геолошкиот завод на САД (USGS), предизвикувајќи цунами високи до еден метар на некои брегови.

Земјотресот се случил околу 7:37 часот по локално време на длабочина од околу 35 километри, според американскиот геолошки институт. Првичните извештаи велат дека загинале 3 лица.

Сеизмолошката агенција на земјата, Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), соопшти дека земјотресот се случил во близина на брегот на градот Хенерал Сантос во покраината Сарангани, на најјужниот врв на островот Минданао.

Phivolcs, исто така, издаде предупредување за цунами, повикувајќи ги луѓето што живеат во крајбрежните области да се евакуираат. Цунами брановите би можеле да достигнат 1 до 3 метри над нивото на плимата во делови од Филипините, според американскиот Систем за предупредување од цунами. Фотографиите од локалната информативна канцеларија во градот Хенерал Сантос покажаа продавници и згради што се уриваат во земјотресот.

Силниот земјотрес го погоди подрачјето додека јавните училишта токму денеска ја започнуваа својата нова учебна година.

Видеата на социјалните мрежи покажаа десетици преплашени ученици од основно училиште како седат надвор додека земјата под нив се тресе силно во покраината Западен Давао. Друга снимка покажа како покривот на кампусот на средно училиште се урива додека учениците се редат пред училишно спортско игралиште во Западен Давао. Нема повредени во ниту еден од инцидентите.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Хуниор рече дека „им наредил на сите релевантни владини агенции веднаш да дејствуваат“ за да ги евакуираат жителите и да започнат со спасувачките акции.

„До нашите сонародници во погодените покраини, ве молиме послушајте го предупредувањето за цунами. Преместете се на повисоки места сега. Не чекајте. Вашиот живот е поважен од сè што ќе оставите зад себе“, рече тој во соопштението.

Покраината Сарангани, каде што се појавуваат повеќето слики од штетите, е дом на околу 580.000 луѓе. Бенхие Анчета, шефицџа на полицијката во градот Алабел во Сарангани, рече дека нема веднаш извештаи за жртви, но некои луѓе се онесвестиле по силните потреси.

„Ова е најсилниот земјотрес што некогаш сме го доживеале“, изјави Анчета за Reuters по телефон. Индонезија издаде предупредување за цунами за својот североисточен брег, додека Јапонија го стори истото за својот јужен брег, од префектурата Ибараки до префектурата Окинава. Филипините, Индонезија и Јапонија се наоѓаат на т.н. Огнен прстен, прстен од раседни линии што го опкружува Тихоокеанскиот басен и е склонен кон чести земјотреси и вулкански ерупции.

Не е откриена закана од цунами за Хаваи, според американската Национална метеоролошка служба.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Свет

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Read more

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Read more

Вести

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Читај повеќе

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите

Читај повеќе

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Читај повеќе

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Ченто

Читај повеќе

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе