Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Размената на енклави и ексклави е една од опциите за кои разговараат Ерменија и Азербејџан во рамките на мировните преговори, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

„Постојат неколку опции за решавање на прашањето за енклавите и ексклавите. Идејата е да се најде решение со кое на ниту една страна од границата не би постоеле енклави или ексклави“, рече Пашинјан на прес-конференција, како што пренесе ерменската државна новинска агенција Armenpress.

Според него, и во Ерменија и во Азербејџан расте свеста дека ваквото решение е неопходно. Алтернативата, истакна тој, би создала бројни проблеми за жителите на тие села – на пример, во однос на тоа како би ја преминувале границата.

Додаде дека техничката и правната рамка за едно такво решение – вклучително и прашањето дали би бил потребен референдум – допрва треба да се утврдат.

„Прво мора да се спроведе разграничување на границата и прецизно да се дефинираат териториите. Треба да ја знаеме точната површина на Арцвашен за да можеме да го најдеме вистинското решение“, рече Пашинјан.

Истиот став го изнесе и еден ден претходно, за време на пренос во живо на социјалните мрежи. Тогаш – како што пренесе азербејџанската новинска агенција APA – изјави дека, според мировниот договор, територијата на Ерменија треба да опфаќа 29.743 квадратни километри, а двете земји треба да разменат територии со еднаква големина.

До овој заклучок дошол, како што објасни, по неодамнешните контакти со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев во Туркменистан.

Ерменскиот министер за надворешни работи, Арарат Мирзојан, изјави дека за отстапување на кој било дел од меѓународно признатата територија на Ерменија, во замена за друга територија, би бил потребен референдум. Додаде дека и азербејџанската страна ѝ пристапува на оваа проблематика конструктивно.

Уште од советско време, три енклави што се наоѓаат во рамките на Ерменија формално му припаѓаат на Азербејџан: две во покраината Тавуш и Карки во покраината Арарат. Ерменија има контрола врз нив уште од војната во раните 90-ти години. Ерменската енклава Арцвашен се наоѓа во рамките на Азербејџан и е под азербејџанска контрола од август 1992 година.

Како што пренесе Armenpress, Пашинјан претходно изјави дека поранешните азербејџански енклави не се дел од меѓународно признатата територија на Ерменија од 29.743 квадратни километри, додека Арцвашен е. Тој уште во јуни 2021 година предложи размена, според која Азербејџан би го дал Арцвашен, додека Ерменија би ги дала трите азербејџански енклави.

Пашинјан смета дека двете земји се наоѓаат во завршната фаза на институционализирање на мирот и дека овој процес треба да биде завршен до 2031 година.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе