Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да започне во Сирија за неколку недели

Макфакс
/ 21.05.2025 / 08:19

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде само неколку недели од „целосен колапс и разорна граѓанска војна од епски размери“.

На сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги укине санкциите врз Сирија минатата недела, пред да се сретне со претседателот Ахмед ал-Шараа, поранешен командант на Ал Каеда кој ја предводеше бунтовничката офанзива со која беше соборен Башар ал-Асад во декември.

Трамп, објасни Рубио, процени дека другите земји сакале да ѝ помогнат на сириската администрација и да испратат хуманитарна помош, но биле спречени во тоа поради американските санкции. Сириските власти сè уште не ја коментираа оваа одлука.

САД воведоа санкции против Сирија поради злосторствата извршени од силите лојални на Асад за време на 13-годишната војна. Во тој конфликт загинаа повеќе од 600.000 луѓе, а околу 12 милиони беа принудени да ги напуштат своите домови. Американскиот Стејт департмент претходно постави голем број услови за укинување на санкциите, вклучувајќи ја и заштитата на верските и етничките малцинства.

Иако ал-Шараа даде такви гаранции, Сирија беше потресена од два брана на религиозно насилство во последните месеци.

Remote video URL
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Свет

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Read more

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Вести

  • filter

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Читај повеќе

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Читај повеќе

Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Читај повеќе

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе