Руте: Ако Кина го нападне Тајван, Си ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за The New York Times.

Тензиите околу Тајван се зголемија уште повеќе откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, а таа војна сè повеќе се гледа како можен модел за тоа како меѓународната заедница би можела да одговори ако Пекинг одлучи да го нападне Тајван.

„Станува сè појасно и да не се лажеме - ако Си Ѓинпинг одлучи да го нападне Тајван, првото нешто што би го направил е да го повика својот помлад партнер во сето ова, Владимир Путин, и да му каже: „Ќе го направам ова, ми треба да нападнеш територија на НАТО“, рече Руте.

„Тоа е најверојатното сценарио. И за да ги одвратиме, треба да направиме две работи. Прво, НАТО мора да биде толку силен што Русија никогаш нема да се обиде да го стори тоа. Второ, треба да соработуваме со Индо-пацифичкиот регион - што претседателот Трамп силно го поддржува“, додаде тој.

Западните претставници предупредуваат на нагло зголемување на руските воени трошоци за време на војната во Украина. Според Меѓународниот институт за стратешки студии, буџетот за одбрана на Русија се зголемил за 42 проценти во реални услови во 2024 година, на дури 462 милијарди долари - што ги надминува вкупните воени трошоци на сите европски земји заедно.

Сојузниците на НАТО го наведуваат овој раст, саботажата и континуираната агресија врз Украина како причини за дополнителни инвестиции во одбраната. Руте претходно предупреди дека Русија би можела да ја обнови својата воена моќ во следните пет години до ниво на кое повторно би можела сериозно да ја загрози безбедноста на територијата на НАТО и ги повика членовите да дејствуваат без одлагање.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе