САД најавија забрана за патување за повеќе земји: Ќе ги запреме убијците и пијавиците

Макфакс
/ 02.12.2025 / 17:48

Американската министерка за внатрешна безбедност Кристи Ноем најави дека ќе препорача забрана за патување и доаѓање во САД за неколку земји за кои тврди дека ја преплавуваат државата со криминал. Ноем на социјалните мрежи објави дека се сретнала со претседателот Доналд Трамп и дека одлучила да предложи „целосна забрана за патување за секоја проклета земја што ја преплавува нашата нација со убијци, пијавици и зависници од придобивки“, јави BBC.

Нејзината објава веднаш ја споделија и претседателот Трамп и Министерството за внатрешна безбедност на своите официјални профили. Засега не е познато на кои земји би се однесувала предложената забрана ниту кога би можела да стапи во сила, но од Министерството порачаа дека списокот наскоро ќе биде објавен.

Најавата доаѓа само неколку дена откако во Вашингтон беа застрелани двајца припадници на Националната гарда. Пред коментарите за забраната за патување, Ноем истакна дека 100.000 авганистански државјани влегле во САД во рамки на програмата од ерата на Бајден – „Операција добредојде за сојузниците“, и порача дека безбедносните структури темелно ќе ја преиспитаат постапката за проверки.

Властите, осомничениот за пукањето го идентификуваа како авганистански државјанин кој во САД пристигнал во 2021 година токму преку таа програма, замислена за локалното население кое соработувало со американските сили за време на дваесетгодишниот ангажман во Авганистан. Според електронската преписка до која дошол CBS News, осомничениот по доаѓањето во САД имал проблеми со менталното здравје.

По пукањето во кое беше убиена 20-годишната Сара Бекстром, а тешко ранет 24-годишниот Ендрју Волф, администрацијата на Трамп ги зајакна мерките против мигрантите. Гувернерот на Западна Вирџинија, Пачрик Мориси, изјави во понеделникот дека Волф е во тешка состојба, но дека успеал на медицинските сестри да им покаже „палец горе“.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, потврди за Fox News дека Трамп уште пред неколку месеци најавил забрана за патување за „земји од третиот свет и пропаднати држави“ и дека препораката на министерката Ноем тоа само би го проширила на поголем број држави. Белата куќа на 4 јуни веќе наведе 19 земји, главно од Африка, Блискиот Исток и Карибите, кои би се соочиле со целосни или делумни ограничувања за миграција.

По инцидентот во Вашингтон, запрено е и одлучувањето по сите барања за азил. Директорот на Американската служба за државјанство и имиграција, Џозеф Едлоу, изјави дека обврската ќе остане во сила „додека не осигуриме дека секој странец е проверен и контролирано прегледан во најголема можна мера“.

Самиот Трамп минатиот четврток отиде чекор понатаму, заканувајќи се дека ќе „ја паузира миграцијата“ од сите „земји од третиот свет“. Во неговата објава по повод Денот на благодарноста, за „општествената дисфункција во Америка“ ги обвини бегалците и вети дека ќе го отстрани „секој што не претставува нето-корист“ за САД.

Авганистанската коалиција на заедницата во САД објави соопштение по нападот во Вашингтон, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и повикувајќи на сеопфатна истрага, со нагласување дека станува збор за чин на поединец. Коалицијата исто така апелираше до американската влада да не ги одложува ниту да ги укинува авганистанските имиграциски барања.

„Дваесет години авганистанско-американско партнерство не смеат да бидат заборавени“, стои во соопштението.

Обединетите нации ги повикаа САД да ги почитуваат меѓународните договори за барателите на азил, јави новинската агенција Reuters.

Тагови
реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе