САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин

Макфакс
/ 20.01.2026 / 20:05

Откако Доналд Трамп повторно ја актуелизираше идејата за купување на Гренланд, во јавноста се појави информација за последната голема територија што САД ја купиле од Данска во 1917 година. Станува збор за Данските Западни Индии, денес познати како Американски Девствени Острови, пишува Newsweek.

На социјалните мрежи се посочува дека во рамки на таа територија се наоѓа и островот Литл Сент Џејмс, познат како озлогласениот „остров на Епстин“.

САД ѝ платиле на Данска 25 милиони долари во злато за овие територии, стекнувајќи контрола врз островите Сент Томас, Сент Џон и Сент Кроа. Островот Литл Сент Џејмс бил дел од оваа аквизиција. Подоцна, во 1998 година, го купил починатиот финансиер и педофил Џефри Епстин.

Островот стекна лоша репутација како приватен имот на кој Епстин наводно извршувал сексуални злосторства. Тој стана централна точка во истрагите и граѓанските постапки што следеа по неговото апсење и смрт.

И денес островот е предмет на јавни расправи, а многумина повикуваат на објавување на детални информации за тоа кој и кога го посетувал. Тоа е особено нагласено по неодамнешното објавување на делови од „досиејата на Епстин“, кои фрлија ново светло врз неговата мрежа на контакти и тековните судски постапки.

Тагови
реклама
[Кајгана препорака]: #СедиДома и слушај македонска музика

[Кајгана препорака]: #СедиДома и слушај македонска музика

Read more
Облачно со повремен дожд

Облачно со повремен дожд

Read more
Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Read more
Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема Вест Хем

Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема Вест Хем

Read more

Свет

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Read more

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Read more

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужна Шпанија

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Вести

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Читај повеќе

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Читај повеќе

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужна Шпанија

Читај повеќе

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија, најмалку 20 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, во Прилепско нападнати пожарникари

Читај повеќе

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Читај повеќе