Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Саудиска Арабија ги намали испораките на нафта за Европа откако напади со беспилотни летала оштетија клучен извозен цевковод што води кон Црвеното Море, изјавија извори од секторот за трговија за Reuters. Како резултат на тоа, големите европски купувачи – особено Полска – се принудени итно да бараат алтернативни извори на нафта на пазар каде што цените на товарот веќе надминаа 120 долари за барел.

Саудиска Арабија ги обвинува ирачките паравоени групи за нападите. Поради штетата, Кралството во петокот беше принудено да го затвори својот цевковод „Исток-Запад“, кој служеше како витален канал за снабдување во изминатите шест месеци, штитејќи ја земјата од најлошите последици од евентуална блокада на Ормутскиот Теснец.

Извори од секторите за трговија со нафта и транспорт во вторникот изјавија дека Саудиска Арабија ги известила европските купувачи за откажување на некои септемвриски испораки на сирова нафта, додека операциите за товарење нафта во пристаништето Јанбу на Црвеното Море биле привремено запрени. Државната нафтена компанија Saudi Aramco одби да ја коментира ситуацијата.

Саудијците се свртуваат кон „тајни испораки“ 

Прекинот на саудиските текови преку Црвеното Море ќе го принуди Ријад да се обиде да извезува повеќе нафта преку Ормутскиот Теснец со помош на таканаречени „тајни испораки“ – практика што веќе ја применуваат Обединетите Арапски Емирати и Ирак, според извори од трговијата. Овој начин на транспорт им овозможи на производителите од Заливот да го одржат извозот на ниво од 7 до 9 милиони барели дневно, што претставува меѓу 30 и 40 проценти од количините што ги извезувале пред избувнувањето на конфликтот.

Новиот прекин во снабдувањето веднаш доведе до раст на цените на нафтата. Фјучерс-договорите за сирова нафта „Брент“ се движеа близу 108 долари за барел, додека цените на физичкиот пазар во Европа се уште повисоки, па референтната цена на „Брент“ достигна околу 122 долари за барел, покажуваат податоците на LSEG.

Според податоците на аналитичката куќа Vortex, во неделата од 7 до 13 септември, Саудиска Арабија натоварила 22 милиони барели нафта на 12 танкери на терминалите Рас Танура и Џуаимах, што е двојно повеќе во споредба со шест до седум танкери неделно во претходните три недели. Reuters досега не успеа да утврди точно колку вкупно испораки за Европа ќе бидат откажани или колку долго ќе трае суспензијата на товарењето во пристаништето Јанбу. 

Полски Orlen трескавично бара нова нафта

Полската нафтена компанија Orlen забрзано се обидува да обезбеди заменски пратки на сурова нафта од Северното Море и од други, подалечни региони, за да ја надомести ненадејната загуба на испораки од Саудиска Арабија – ова го потврдија пет извори од индустријата.

Aramco стана главен снабдувач на Orlen уште во 2022 година и денес ги покрива околу 40 отсто од потребите на компанијата. Ова ѝ овозможи на Полска да се ослободи од зависноста од руска нафта, но истовремено ја направи директно зависна од саудискиот производител.

Orlen не сакаше да навлегува во детали за поединечни договори, но изјави дека активно управува со залихите за рафинериите да не останат без суровини. 

„Прилагодувањето и оптимизацијата на набавките се редовен дел од работењето на Групацијата Orlen, во зависност од тековните производни потреби и пазарните услови“, изјави портпарол на компанијата за Reuters, додавајќи дека снабдувањето на рафинериите со суровини моментално се одвива без прекини.

Залихи се купуваат од Северното Море, САД и Алжир

Изворите наведуваат дека во петокот и понеделникот Orlen купил неколку пратки сурова нафта преку „спот“ тендери. Според двајца добро упатени соговорници, компанијата набавила нафта од типовите Grane, Johan Sverdrup и Johan Castberg од Северното Море. Двата извора рекоа дека Orlen испратил и понуди за нафта од подалечни извори, вклучувајќи ги американската WTI Midland и казахстанската CPC Blend.

Еден трговец потврди дека во вторникот Orlen објавил нов тендер за купување нафта од Северното Море или од Алжир за испорака во октомври, како и нафта од Гвајана за ноември, но резултатите од тој тендер сè уште не се познати. Подетални информации за понудите не беа достапни, а резултатите не можеа да се потврдат директно кај другата договорна страна.

Orlen и неговите подружници управуваат со рафинерии за нафта во Полска, Литванија и Чешка. Според податоците на аналитичката компанија Kpler, од почетокот на оваа година, полското пристаниште Гдањск на Балтикот примало околу 160.000 барели саудиска нафта дневно, додека литванското пристаниште Бутинге примало околу 63.000 барели дневно.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Свет

Маск: И така масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Read more

Како да се заштитите од кражба на пари и лични податоци при регистрација за влез во ЕУ?

Read more

Вести

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе
  • play_arrow

Ескалација на протестите во Албанија: Студенти палат државни згради и банки, бараат оставка од Рама

Читај повеќе
  • filter

Хрватска ѝ постави 8 услови на Црна Гора за членството во ЕУ

Читај повеќе