Се урна мал авион со европски туристи во Кенија, нема преживеани

Макфакс/Кајгана
/ 28.10.2025 / 13:44

Мал авион се урна рано утрово во крајбрежниот регион Квале во Кенија додека летал кон националниот резерват Маaсаи Мара. Загинаа сите 11 лица во авионот.

Кениската авиокомпанија Mombasa Air Safari објави дека 11 лица, меѓу кои 8 унгарски и 2 германски патници, и полотот кениски државјанин, загинале во авионската несреќа што се случи денес.

Властите соопштија дека несреќата се случила во ридско и шумско подрачје на 40-ина километри од аеродромот „Дијани“.

Стивен Оринде, комесар на округот Квале, изјави за Associated Press дека операциите на местото на несреќата се во тек и дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

Кениската Управа за цивилно воздухопловство соопшти дека во авионот имало 11 лица и дека властите ја истражуваат причината за несреќата.

Локалните власти и спасувачките екипи моментно работат на пронаоѓање на телата и причината за авионската несреќа, а Управата за цивилно воздухопловство на Кенија објави почеток на истрага за инцидентот. Досега не е објавено точно каде се урнал авионот, ниту под какви околности се случила трагедијата.

Управата за цивилно воздухопловство на Кенија (KCAA) потврди дека авионот со регистрациски број 5Y-CCA на пат од Дијани до Кичва Темба се урнал во 5:30 часот по локално време.

Националниот резерват Маасаи Мара, кон кој се упатил авионот, е популарна туристичка дестинација, позната во целиот свет по годишната миграција на гнуа од Серенгети во соседна Танзанија.

Компанијата Mombasa Air Safari е специјализирана за туристички и чартер-летови во Источна Африка, објави Reuters.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Свет

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Read more

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Read more

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Read more

Над 40 повредени откако воз излета од шини во Франција

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе