Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Макфакс
/ 29.04.2025 / 08:57

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји.

„Електричната енергија е обновена речиси целосно низ цела Шпанија по големиот прекин, при што околу 99,16% од снабдувањето со електрична енергија е обновено до 6 часот наутро“, соопшти утрово операторот на електричната мрежа Red Eléctrica.

И во соседна Португалија електричната енергија е обновена во повеќето домаќинства. „Околу 95% од 6,5 милиони корисници во земјата се вратија на мрежата“, објави операторот на електричната мрежа RTP.

Официјалната причина за прекинот сè уште не е позната. Милиони луѓе во Шпанија и Португалија останаа во темница откако одеднаш снема струја, комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани.

Шпанскиот премиер, Педро Санчес, во телевизиско обраќање вчера вечерта, вети дека струјата ќе биде обновена до вторник. Не ја прецизираше причината за прекинот, но рече дека не се исклучува ниедна можност.

Синоќа португалскиот оператор на електричната мрежа REN објави дека прекинот бил предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Свет

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Read more

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Кошта: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, одлучи Владата

Читај повеќе

Владата уверува: Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот

Читај повеќе

Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче

Читај повеќе

Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Читај повеќе
  • play_arrow

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Читај повеќе

Евакуирани уште 125 македонски државјани со лет од Дубаи

Читај повеќе

Професор во Скопје уапсен за сексуално вознемирување на ученичка

Читај повеќе

Саудиска Арабија го намалува производството на нафта

Читај повеќе

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе