Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Во понеделникот, на вториот ден од Велигден, кој се празнуваше и според јулијанскиот и според грегоријанскиот календар, заврши краткиот и ненадеен прекин на огнот што го објави рускиот претседател Владимир Путин. Траеше едвај триесет часа.

Во овој период, Киев и Москва постојано меѓусебно се обвинуваа за прекршување на примирјето и напади. Потоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на продолжување на прекинот на огнот за 30 дена, на што Путин одговори дека Москва е отворена за разговори, „дури и билатерално“.

Deutsche Welle го анализираше момемнтот, мотивите и исходот од оваа краткотрајна пауза во војната во Украина.

Како дојде до прекин на огнот?

Русија го иницираше прекинот на огнот. Путин го најави тоа само два часа пред почетокот. Тој тврди дека одлуката е донесена од „хуманитарни причини“.

Зеленски потоа го обвини Путин дека си игра со човечки животи, но сепак се согласи на прекин на вооружените дејствија.

Повеќето жители на Киев кои зборуваа за DW беа скептични за наводниот хуманитарен гест на Путин.

„Не верувам ни за секунда. Путин никогаш не си го држи зборот. Ова е фарса“, вели еден граѓанин.

Володимир Фесенко, раководител на Центарот за применети политички студии Пента, во интервју за DW тврди дека Русија намерно предизвикала борби за време на прекинот на огнот и ја искористила паузата за да изврши бранови напади во некои области.

Зеленски: Русија нападна речиси 3.000 пати за време на прекинот на огнот

Зеленски во понеделникот на социјалната мрежа Telegram напиша дека Русија нападнала 2.935 пати за 30 часа.

Тој додаде дека Кремљ не одговорил на предлогот за триесетдневен прекин на огнот и додаде дека украинската армија ќе одговори „симетрично“.

„На молкот ќе одговориме со молчење. Како одбрана од руските напади, ќе бидат нашите напади“, рече Зеленски.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека претседателот Путин не дал наредба за продолжување на „велигденскиот прекин на огнот“.

Како одговор на предлогот на САД за продолжување на прекинот на огнот, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го обвини Киев дека ја прекршил дури и оваа кратка пауза.

Зошто примирјето траеше толку кратко?

Многу набљудувачи истакнаа дека поминале само два часа од објавувањето на Путин до почетокот на прекинот на огнот, што е многу краток временски период за Украина технички да се подготви.

Фесенко смета дека ненадејната и еднострана декларација требало да биде стапица за Украина, која морала да донесе итна политичка одлука и да издаде наредби на армијата.

„Се подразбира дека Украина не може да започне прекин на огнот во 18:00 часот, дури и да сака. Тоа едноставно би било невозможно“, вели Фесенко.

Прекинот на борбите околу Велигден е всушност идеја на американскиот претседател Доналд Трамп. Минатата недела тој се закани дека ќе ги прекине напорите за постигнување мир во Украина и ќе се повлече од преговорите доколку двете страни не бидат подготвени да постигнат договор.

Политичките аналитичари со кои разговаравме се убедени дека желбата за продолжување на преговорите го поттикна Путин да го објави прекинот на огнот.

Николај Петров од германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања во Берлин смета дека Путин продолжил да си игра со Трамп.

Трамп: Убеден сум дека ќе постигнеме договор оваа недела

„Примирјето, дури и за тие триесет часа, беше темпирано точно за Велигден, како што бараа Американците. Тоа изгледа добро (за Кремљ).

Два часа пред истекот на примирјето, Трамп на социјалните мрежи изрази надеж дека Русија и Украина „ќе постигнат договор оваа недела“. Тој вети дека и двете земји на тој начин ќе обезбедат „големи зделки“ со САД.

Аналитичарите се согласуваат дека Трамп се обидува да ги извлече САД од конфликтот, но тие имаат различни одговори на прашањето колку тој всушност се грижи за мирот меѓу Украина и Русија.

Позицијата на Трамп не е да се постигне мир во Украина по секоја цена, туку да се извлечат САД од војната“, изјави Петров за DW.

Фесенко, пак, смета дека Трамп ќе биде охрабрен од тоа што Путин барем донекаде ги исполнил неговите очекувања со прекинот на огнот. Сега американскиот претседател ќе бара уште повеќе, смета Фесенко – целосен прекин на огнот.

реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Свет

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Read more

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Read more
 

Вести

Колку е моќен македонскиот пасош?

Читај повеќе

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Читај повеќе

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Читај повеќе

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе