Соработничка на Трамп откри дека верува во вонземјани: Ќе ја споделиме вистината со народот

Макфакс
/ 07.08.2025 / 08:23

Тулси Габард изјави дека верува дека вонземјани постојат, балансирајќи помеѓу изразување на лични ставови и избегнување откривање доверливи информации од американската разузнавачка заедница.

Како директорка на Националната разузнавачка служба (ДНИ), таа рече дека има пристап до голема количина доверливи податоци и мора да биде „внимателна“ со тоа што го објавува во јавноста, пишува Daily Mail.

Во разговор со водителката на поткастот „Pod Force One“, Миранда Девајн, Габард, блиска соработничка на Доналд Трамп, беше прашана дали верува дека вонземјани постојат.

„Имам свои мислења и ставови“, одговори Габард. „Во оваа улога морам да бидам внимателна со тоа што споделувам.“

Но, кога директно ја прашаа дали лично верува во постоење на вонземјани и неидентификувани летечки објекти (НЛО), Габард одговори со „да“.

Темата за вонземјани и НЛО, денес познати како УАП (Unidentified Aerial Phenomena), е веќе децении центар на разни теории на заговор. Неколку членови на Конгресот моментално истражуваат што всушност федералната влада знае за тоа.

Минатата година, Пододборот на Претставничкиот дом за национална безбедност, граници и надворешни работи одржа неколку сослушувања на оваа тема.

Габард нагласи дека нејзиниот кабинет во моментов нема конкретни информации за вонземјани и НЛО кои би биле подготвени да ги споделат.

Сепак, таа вети дека ќе биде транспарентна пред американската јавност кога ќе дојде време за тоа.

Продолжуваме да ја бараме вистината и ќе ја споделиме со американскиот народ“, рече Габард во поткастот на The New York Post.

Како директорка на ДНИ, Габард ја надгледува координацијата меѓу 18 американски разузнавачки агенции.

Американците покажуваат сè поголем интерес за УАП и можноста за живот надвор од Земјата.

УАП не вклучуваат само потенцијални вонземјански објекти, туку и објекти како дронови.

Се осврна и на дроновите

Габард призна дека сè уште има многу прашања во врска со стотици дронови кои лани беа видени над Њу Џерси.

„Сè уште имам многу прашања за тоа“, рече во разговорот со Девајн.

„Слушнав официјална верзија, но лично ми остануваат многу нешта нејасни – бидејќи тоа не се случуваше само во Њу Џерси, туку и во други делови на земјата.“

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more

Свет

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Read more

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Read more

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Read more

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Read more
 

Вести

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија, предупредување за цунами

Читај повеќе
  • play_arrow

Каменуван автобусот на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe

Читај повеќе