Среќни се ако јадат сув леб – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Макфакс
/ 03.08.2025 / 12:01

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и сестра – кои во своите „најсреќни денови“ јадат сув леб и пијат чај! Организацијата, исто така, предупреди дека речиси половина од бремените жени и доилките страдаат од тешка неухранетост и изјави дека им е потребна итна медицинска помош.

„Утрово лекував две деца, брат и сестра на возраст од 11 и 14 години, кои јасно покажуваа знаци на тешка неухранетост. Им дадовме терапевтска храна за да се обидеме да ја стабилизираме нивната состојба. Но, семејствата ни велат дека едвај имаат храна. Во најдобар случај, преживуваат на сув леб и чај. Потребна е итна акција“, предупреди Мохамед Алмадун, здравствен работник и заменик-директор на организацијата Медицинска помош за Палестинците (MAП).

Зборувајќи во име на организацијата, тој рече дека тие се исклучително загрижени за хуманитарната криза во Газа.

„Досега не е дозволен влез на никаков терапевтски додаток за третман на неухранетост. Уште позагрижувачки е што почнавме да забележуваме зголемување на смртните случаи предизвикани од неухранетост, не само кај децата, туку и кај постарите лица“, истакна Алмадун.

Организацијата MAП објави дека 44% од бремените жени и доилките прегледани од еден од нивните локални партнери покажуваат знаци на тешка неухранетост и дека итно треба да бидат упатени на медицински третман.

Алармантните нови податоци објавени од организацијата Ard El-Insan, која им обезбедува нутритивна и медицинска помош на Палестинците низ Газа, покажуваат зголемување од 10% од мај на бројот на бремени жени и доилки кои страдаат од тешка неухранетост, пишува Independent.

Здравствените работници и хуманитарните работници, исто така, велат дека не можат сами да обезбедат доволно храна и страдаат од неухранетост.

„Искрено, не знам како да го опишам тоа. Како медицински тимови, сме целосно исцрпени. Немаме храна, ништо за пиење и немаме можност за одмор, дури ни помеѓу операциите што траат доцна во ноќта“, рече д-р Халид Шава, општ хирург во теренска болница во Газа Сити.

реклама

Објавена нова мапа на Европа што ја потенцира тажната вистина за Македонија денес

Read more

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more
policija.jpg

МВР: Повредени 23 полицајци и војници во нередите со мигрантите

Read more
Пронајдени остатоци од еден од најлошите пирати на сите времиња?

Пронајдени остатоци од еден од најлошите пирати на сите времиња?

Read more

Свет

Пет европски земји: Навални бил отруен со токсин што го има во еквадорски жаби

Read more

Руските медиуми објавуваат дека 177.433 руски војници се убиени во Украина од почетокот на војната

Read more

Истребувањето на луѓето во Газа мора да престане, вели претседателот на Комисијата на Африканската унија

Read more

Американската војска се пофали дека погодила брод за трговија со дрога кај Карибите

Read more
 

Вести

Пет европски земји: Навални бил отруен со токсин што го има во еквадорски жаби

Читај повеќе

Суспендирана полицајка од Кочани: Се сомничи дека лишила од слобода нејзина колешка

Читај повеќе
  • filter

Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници

Читај повеќе

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Читај повеќе

Убиство во Челопек, 25-годишен маж задушил жена со перница

Читај повеќе

Руските медиуми објавуваат дека 177.433 руски војници се убиени во Украина од почетокот на војната

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и засилен ветер

Читај повеќе

Истребувањето на луѓето во Газа мора да престане, вели претседателот на Комисијата на Африканската унија

Читај повеќе
  • play_arrow

Американската војска се пофали дека погодила брод за трговија со дрога кај Карибите

Читај повеќе