Страшниот ураган ја опустоши Јамајка и тргна кон Куба станувајќи сè посилен

Макфакс
/ 29.10.2025 / 08:26

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се соочила островската земја.

Со ветрови што се приближуваат до 300 километри на час, ураганот од категорија 5, највисок на скалата Сафир-Симпсон, стигна до копното во Западна Јамајка околу пладне.

Ова е најлошиот ураган што ја погодил Јамајка откако се водат метеоролошки записи, а премиерот Ендру Холмс го прогласи островот за „зона на катастрофа“.

Во Света Катерина, во Централна Јамајка, реката Рио Кобре се излеа од своите корита, а силните ветрови урнаа огради и покриви. Света Елизабет, парохија на југозападниот дел од островот со население од 150.000 жители и „житница“ на Јамајка, беше поплавена, изјави локалниот функционер Дезмонд Мекензи на прес-конференција. „Штетата во Света Елизабет е значителна, цела Јамајка претрпе уништување од Мелиса“, рече тој, додавајќи дека неколку болници се оштетени.

Remote video URL

Дури и пред да стигне до копното, ураганот уби три лица на Јамајка, која се подготвуваше за неговото пристигнување, како и уште три лица на Хаити и едно лице во Доминиканската Република. Во Хаити, властите наредија затворање на училиштата, бизнисите и владините канцеларии во среда. ОН во вторник соопшти дека итно доставуваат по воздушен пат околу 2.000 пакети помош од Барбадос до Јамајка.

Последниот голем ураган што ја погоди Јамајка беше Гилберт во септември 1988 година, кој беше помалку моќен од Мелиса, при што загинаа 40 лица и предизвика голема штета.

Remote video URL
Луѓе на Куба бегаат од брегот

Откако изгуби дел од силата и беше намалена на категорија 4, Мелиса почна да се оддалечува од Јамајка кон Куба, според Националниот центар за урагани на САД (NHC), кој предупреди дека ситуацијата останува „исклучително опасна“. Но, сега ураганот повторно се зајакнува и се очекува наскоро да стигне до Куба.

На Куба, жителите бегаат од брегот додека се приближува Мелиса. Локалните власти прогласија вонредна состојба во шест провинции на истокот од земјата, а жителите од понеделникот се обидуваат да се снабдат со храна, свеќи и батерии.

Се очекуваат исклучително силни бури, како и сериозни крајбрежни поплави и поројни дождови што би можеле да предизвикаат катастрофални лизгања на земјиштето, низ целата земја. Властите ја повикаа јавноста да биде внимателна поради крокодилите, кои би можеле да претставуваат закана поради поплавите.

Remote video URL
реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Свет

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Read more

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Read more

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Read more

Над 40 повредени откако воз излета од шини во Франција

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе