Претседателот на САД одговараше на прашања од новинарите пред Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот изјави дека би сакал да биде папа, одговарајќи на прашања од медиумите пред да замине за Мичиген на митинг по повод неговиот 100-ти ден на функцијата.
Трамп беше прашан за претстојната конклава и кого би сакал да го види како следниот папа.
„Баш би сакал да бидам папа. Тоа би бил мој избор број еден“, се пошегува претседателот, додавајќи: „Не, не знам кого би сакал да го видам како следниот папа, немам никаква посебна преференција. Морам да кажам дека имаме кардинал кој е од Њујорк и тој е многу добар. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп, објави Newsweek.
Trump on the Pope 🇺🇸🤔 pic.twitter.com/cY4F2QGi9b
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) April 29, 2025