Трамп до Израел: Не мора секогаш да урнете цела зграда, не се сите жители припадници на Хезболах

Макфакс
/ 16.06.2026 / 14:46

Американскиот претседател Доналд Трамп, на самитот на Г7 се сретна со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, при што говореше за договорот со Иран, ситуацијата во Либан и односите со Израел.

Трамп изјави дека најважниот дел од договорот со Техеран е гаранцијата дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје.

„Нема да го развиваат, нема да го купуваат и нема да имаат никаква врска со него. Ако го направат тоа, ќе се соочат со незамисливи последици“, рече Трамп.

Додаде дека САД ќе помогнат во преземањето на иранските залихи на високо збогатен ураниум, оценувајќи дека е важно тие да останат под контрола.

Американскиот претседател повторно го критикуваше нуклеарниот договор со Иран од времето на Барак Обама, тврдејќи дека токму неговото повлекување од договорот го спречило Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Либан, Трамп порача дека Израел предолго се бори против Хезболах и дека во конфликтот страдаат премногу цивили.

„Не мора да урнете цела станбена зграда секојпат кога барате некого, бидејќи во тие згради живеат многу луѓе и не се сите припадници на Хезболах“, изјави Трамп.

Оцени дека израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, мора да покаже поголема одговорност кога станува збор за Либан, иако нагласи дека меѓу нив и понатаму постојат добри односи.

Трамп исто така изјави дека не верува во политика на промена на режими, оценувајќи дека таквите обиди низ годините не дале резултати.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Свет

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Read more

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе