Трамп ги укинува сите санкции врз Сирија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што е огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара и неговите напори за стабилизирање на земјата разурната од војна.

Трамп ја даде изненадната најава на регионалната турнеја што започна во Саудиска Арабија. Белата куќа соопшти дека Трамп ќе го поздрави Ал-Шаара за време на неговата посета на Саудиска Арабија, што укажува дека средбата меѓу американскиот претседател и поранешниот командант на Ал Каеда, кој помина пет години во американски затвор во Ирак, ќе се одржи во среда.

Два извори во сириското претседателство изјавија дека Ал-Шаара ќе отпатува во Ријад за да се сретне со Трамп.

САД воведоа строги санкции врз Сирија за време на владеењето на Башар Ал-Асад и ги одржуваат на сила откако Ал-Асад беше соборен од власт во декември по повеќе од 13 години војна.

Саудиска Арабија ги предводеше повиците за укинување на санкциите.

Трамп рече дека ќе ги укине сите санкции врз Сирија, велејќи дека тие служеле за важна цел, но дека е време Сирија да продолжи напред.

„Ќе наредам укинување на санкциите врз Сирија за да им дадам шанса да успеат“, рече Трамп на инвестициски форум во Ријад.

„Време е да блеснат. Ги елиминираме сите“, рече Трамп. „Среќно Сирија, покажи ни нешто многу посебно“, рече американскиот претседател.

Ал-Шара со години беше лидер на официјалното крило на Ал Каеда во сирискиот конфликт, пред да ги прекине врските со глобалната џихадистичка мрежа во 2016 година.

Хајат Тахрир ал-Шам, групата предводена од Шара, која официјално беше распуштена во јануари, е прогласена за терористичка организација од САД и ОН.

Тагови
реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Свет

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Читај повеќе

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Читај повеќе

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Читај повеќе