Трамп ја покажа златната карта: Тие што ја имаат ќе останат трајно во САД

Макфакс
/ 05.04.2025 / 10:00

Американскиот претседател Доналд Трамп на јавноста и ја покажа новата „златна карта“ вредна 5 милиони долари со сопствен лик, која ќе им овозможи на побогатите мигранти да добијат зелена карта, односно постојан престој во Соединетите Американски Држави.

„За 5 милиони долари, ова може да биде ваше“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион.

„Знаете ли што е оваа картичка? Тоа е златна карта, картата на Трамп“, додаде американскиот претседател.

Трамп изјавил дека тој самиот е првиот клиент на картичката, како и дека повеќе копии ќе бидат достапни за помалку од две недели, пренесува Newsweek.

Програмата „златна карта“ ќе им овозможи на поединците кои инвестираат 5 милиони долари во американски компании да останат во САД, заменувајќи ја постоечката виза EB-5.

Поддржувачите на оваа мерка на Трамп тврдат дека САД на овој начин би можел да собере значителен капитал, додека критичарите сметаат дека приоритет на Вашингтон треба да биде привлекување квалификувани таленти.

„Златната карта“ е дел од пошироките напори за замена на сегашната имигрантска виза за инвеститори EB-5 со нова програма која дава американско државјанство на странски инвеститори во американски фирми.

Според тековната програма EB-5, апликантите мора да платат помеѓу 100.000 и 200.000 американски долари како такси на Службите за државјанство и имиграција на САД (USCIS), да инвестираат помеѓу 800.000 и 1 милион американски долари и да отворат најмалку 10 работни места за американски работници.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

Read more

Свет

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Read more

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Read more

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Read more

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Read more
 

Вести

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија, предупредување за цунами

Читај повеќе
  • play_arrow

Каменуван автобусот на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe

Читај повеќе

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Читај повеќе