Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна во Анкара на Самитот на НАТО, изрази големо разочарување од Алијансата. По пристигнувањето го пречека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по што Трамп пред новинарите даде низа остри изјави за членките на НАТО, нивните издвојувања за одбраната и односите со САД.
Трамп го издвои Гренланд како една од главните точки на несогласување со НАТО.
„Тоа е она што го наруши мојот однос со НАТО. Данска нема корист од Гренланд, не троши пари за навистина да му помогне, а за Соединетите Американски Држави тој е многу важен. Опкружен е со кинески и руски бродови“, рече Трамп.
„Со Гренланд треба да управуваат Соединетите Американски Држави, а не Данска. Би можеле да ги повлечеме сите наши војници од Европа. Подобро им е да внимаваат“, порача американскиот претседател.