Трамп: Русија е подготвена за мир, но Украина не е

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи со договорот е „потешко отколку што очекуваше“, пренесува Anadolu.

„Мислам дека имаме договор со Русија. Мораме да се договориме со Зеленски и се надевам дека ќе биде така. Мислев дека ќе биде полесно да се договориме со Зеленски. Досега беше потешко. Но, добро, тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека верува оти има „договор од двете страни“ и изрази надеж дека тој ќе се реализира.

„Сакам да спасувам животи. Трошиме многу пари, но тука се работи за хуманост“, рече Трамп.

Претходно истиот ден, Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за изјавата на прес-конференција во вторникот на која тој ја отфрли можноста за признавање на руската окупација на Крим.

„Оваа изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија, имајќи предвид дека Крим беше изгубен пред многу години во времето на Барак Обама, и повеќе не е ниту тема на разговор“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

„Никој не бара Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако тој го сака тоа, зошто не се бореа за него пред единаесет години кога и беше отстапен на Русија без ниту еден истрел?

На прашањето дали договорот, кој, според него, Русија го прифаќа, вклучува и признавање на рускиот суверенитет над Крим, Трамп нејасно одговори:

„Сè е во ред. Видете, јас само сакам војната да заврши. Не ми е гајле. Ако двете страни се среќни и го потпишат договорот, тоа е најважно. Немам фаворити. Сакам само договор. Сакам да се спасат животи.“

Трамп најави дека постои можност за средба со Владимир Путин кон средината на мај, за време на планираната посета на Саудиска Арабија, но додаде дека средбата „најверојатно нема да се случи тогаш“.

„Мислам дека ќе се сретнеме наскоро потоа“, рече тој.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Свет

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Read more

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Read more
 

Вести

  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе

Јужноамерикански рибари преживеале 55 дена на отворено море

Читај повеќе