Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Макфакс
/ 14.05.2025 / 14:24

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека сака да постигне нов договор со Иран, но порача дека Техеран мора да престане да го спонзорира тероризмот и да се откаже од своите нуклеарни амбиции.

„Многу луѓе гледаат со завист“, им рече Трамп на лидерите на арапските земји собрани на регионалниот самит и додаде дека неверојатни договори се на дофат и дека Блискиот Исток денес е центар на светот на кој многумина му завидуваат, објави Sky News.

Критикувајќи ја претходната администрација, Трамп рече дека (поранешниот американски претседател Џозеф) Бајден создал хаос поради некомпетентност.

Во својот говор тој нагласи дека сака иднина на безбедност и достоинство за Палестинците, но предупреди дека тоа нема да биде можно ако лидерите во Газа продолжат по патот на насилството.

Трамп исто така изрази благодарност до земјите што помогнаа во ослободувањето на израелско-американскиот заложник Едан Александар и ја пофали улогата на арапските лидери во обидите за решавање на конфликтот во регионот.

Кога станува збор за Сирија, Трамп потврди дека САД ќе ги укинат сите санкции против оваа земја велејќи дека ова е шанса за развој и дека санкциите биле парализирачки и многу силни.

Исто така објави дека сака да ги нормализира односите со Дамаск.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави дека в петок ќе се сретне со европски дипломати во Истанбул на разговори за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Европските страни потписнички на договорот се Франција, Обединетото Кралство и Германија.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Свет

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Read more

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Read more

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Read more

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Read more
 

Вести

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Читај повеќе