Трамп: Сонцето зајде во 17:06, а до 17:31 веќе беше темно – тоа е апсурдно

Макфакс
/ 05.11.2026 / 08:16

Американскиот претседател Доналд Трамп се пожали дека во Соединетите Држави се стемнува премногу рано по преминувањето кон стандардното време. На својата платформа за социјални медиуми, Truth Social, тој го критикуваше Сенатот што не усвои закон со кој би се ставило крај на сезонското менување на времето, а летното сметање на времето би станало трајно.

„Штета е што Сенатот не го усвои ’Законот за заштита на сончевата светлина‘ – или, како што јас го нарекувам, ’Законот – не сакам повеќе да ги менувам часовниците‘. Надвор се стемнува толку рано. Сонцето зајде во 17:06 часот, а до 17:31 часот веќе беше целосен мрак. Зар не е тоа апсурдно?“, напиша Трамп.

„Пред само неколку дена, во истово време, беше толку убаво и сончево. Плус, сите трчаат наоколу и ги менуваат часовниците“, додаде американскиот претседател.

„Не сакав некој сенатор да ги изгуби изборите“

Трамп објасни дека, пред американските избори на средината на мандатот, не сакал премногу силно да инсистира на укинување на менувањето на времето, плашејќи се дека тоа би можело да им наштети на одредени републикански сенатори. Сепак, по изборите, тој повторно се наврати на прашањето за овој закон, кој веќе е усвоен во Претставничкиот дом.

„Не сакав да кревам голема врева околу тоа пред изборите, бидејќи не сакав некој сенатор да го изгуби своето место – и тоа убедливо да го изгуби. Но, штета е што не можат да го решат тоа“, напиша тој.

„Претставничкиот дом го испрати предлог-законот до Сенатот со силна двопартиска поддршка – во неколку наврати (со 308 гласа ’за‘ наспроти 117 ’против‘) – но Сенатот воопшто не го разгледа. Имаме многу поважни приоритети, но јас ќе продолжам да се борам за ова“, изјави Трамп.

реклама

Студени утра и магла викендов, од следната недела можност за дожд

Read more
Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Read more
Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Read more
„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе