Трамп: Украина и Русија се договорија да не ги напаѓаат енергетските постројки

Макфакс
/ 14.09.2026 / 18:52

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Украина и Русија постигнале договор според кој повеќе нема да ги напаѓаат енергетските постројки.

„Украина се согласи дека нема да ги напаѓа руските енергетски постројки. Русија се согласи да го стори истото! Растот на цените на дизелот во светот главно е предизвикан од војната меѓу Русија и Украина, а не од Иран“, напиша Трамп на Trouth Social.

Објавата на Трамп следуваше еден ден откако го повика својот украински колега Володимир Зеленски да престане да го напаѓа руското производство на дизел-гориво.

Украина со месеци интензивно ја напаѓа руската инфраструктура за производство на гориво, со што значително ги намали капацитетите на руските рафинерии и предизвика широко распространет недостиг. Како одговор, Русија го забрани извозот на дизел, а таа е втор најголем светски извозник на дизел, веднаш зад САД.

„Господинот Зеленски мора да направи една работа. Мора да престане да го уништува производството на дизел во Русија, бидејќи со тоа предизвикува недостиг на дизел“, рече Трамп за време на официјалната посета на Ирска.

Цената на дизелот, клучно гориво за камионите, возовите, тракторите и бродовите, во петокот во САД прв пат во историјата надмина 6 долари за галон, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (ААА).

Истовремено, цените на нафтата на светскиот пазар надминаа 108 долари за барел поради војната на Блискиот Исток. Снабдувањето е дополнително ограничено поради конфликтот во Ормускиот Проток, низ кој претходно поминуваше приближно една петтина од светското снабдување со нафта, додека САД и Иран се борат за контрола над овој клучен поморски пат.

Во меѓувреме, во петокот беше запрена работата на саудискиот нафтовод Исток-Запад, главната алтернативна рута преку која оваа земја богата со нафта извезува нафта преку Црвеното Море. До прекинот дојде по напади со дронови лансирани од Ирак, што дополнително ја отежна ситуацијата.

Но, Трамп тврди дека растот на цените на дизелот не е „предизвикан од Блискиот Исток“, туку го припиша на „она што се случува во Русија и Украина“.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Свет

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Read more

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Read more

Вести

  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе