Трамп воведува царини до 245% за Кина

Макфакс
/ 16.04.2025 / 12:06

Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии нагло ескалира. Белата куќа објави дека Кина сега може да биде погодена со царини од дури 245% за извозот во САД, како резултат на нејзините „одмазднички мерки“, пренесува агенцијата Anadolu.

Ова е највисоката царинска стапка досега спомната, која е наведена во документ штотуку објавен, заедно со извршната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп. Регулативата најави истрага за ризиците за националната безбедност на САД поради зависноста од увоз на преработени критични минерали и сродни производи.

На денешната прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, беше прашан за тарифната стапка од 245%. Тој одговори дека „за конкретни бројки, треба да контактирате со американската страна“, објави кинескиот државен весник Global Times.

Трамп претходно воведе основна царина од 10% на увозот од сите земји, но привремено ги замрзна дополнителните „реципрочни“ царински стапки, кои требаше да се одредуваат поединечно по земјите во зависност од бариерите што ги поставуваат за американските производи.

Единствената земја изземена од таа пауза е Кина, која сега се соочува со дополнителен бран царини. Администрацијата на Доналд Трамп претходно ги предупреди земјите да не возвраќаат на американските царини, велејќи дека оние кои ќе се воздржат од одмазда ќе бидат наградени во идните трговски преговори.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Read more

Свет

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Колку е навистина зависна Америка од Кина?

Read more

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Read more
 

Вести

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата - поскапуваат

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Читај повеќе

Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба

Читај повеќе
  • play_arrow

Полицијата во Нови Сад со пендреци ги тепаше демонстрантите пред факултетот

Читај повеќе

Колку е навистина зависна Америка од Кина?

Читај повеќе

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Читај повеќе