Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Израел денеска изврши нови напади насочени кон иранската нуклеарна програма, а Иран возврати со ракетни напади во кои беа убиени најмалку осум луѓе во Израел, на третиот ден од невидената воена ескалација меѓу двете непријателски земји.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има намера да нападне „сите позиции на режимот“ како дел од нападот врз Исламската Република, започнат во петокот наутро со цел да се спречи таа да дојде до нуклеарно оружје.

Утрово, израелската војска соопшти дека целела кон цели „поврзани со проектот за нуклеарно оружје на иранскиот режим“, наведувајќи го посебно Министерството за одбрана и седиштето на Организацијата за одбранбени истражувања и иновации, позната и по персиската кратенка SPND. Новинари на AFP слушнале неколку детонации во главниот град.

Според иранската новинска агенција Tasnim, една од зградите на министерството е „лесно оштетена“. Погодени се и два складишта за гориво. „Складиштето за нафта Шахран (на северозападот од Техеран) и уште еден резервоар јужно (од градот) беа цел на ционистичкиот режим“, соопшти Министерството за нафта во текот на нолќта. Складиштето Шахран било во пламен, според новинар на AFP.

„Техеран гори“, коментираше во недела наутро на X израелскиот министер за одбрана Исраел Кац.

Како одговор, Иран започна два бранови ракетни напади врз централниот и северниот дел на Израел, во кои од сабота навечер се убиени осум луѓе, а повеќе од 130 се повредени, според Magen David Adom, израелскиот еквивалент на Црвениот крст.

Иранските напади, изведени со употреба на дронови и ракети, особено ги целеле постројките за снабдување со гориво на борбените авиони, изјави Револуционерната гарда, идеолошката војска на Исламската Република.

Западот и Израел, кои експертите ги сметаат за единствена нуклеарна сила на Блискиот Исток, се сомневаат дека Иран се обидува да набави нуклеарно оружје. Техеран тоа го негира и го брани своето право на развој на цивилен нуклеарен програм.

Сојузникот на Израел, Доналд Трамп, во петокот го повика Иран да постигне договор со САД за својот нуклеарен програм, додека нов круг на индиректни преговори беше закажан за недела во Оман. Но, Мускат во сабота соопшти дека тие разговори нема да се одржат, обвинувајќи го Израел дека ги поткопал.

Тврдејќи дека Техеран се приближува до „точка без враќање“ кон атомската бомба, Израел од петокот целел стотици ирански воени и нуклеарни локации и убил неколку воени функционери, како и научници вклучени во неговата нуклеарна програма.

Израелските воздушни сили во сабота нападнаа неколку локации, особено целејќи ги системите за противвоздушна одбрана во регионот на Техеран и десетици ракетни лансери. Војската тврди дека сега има „слобода на воздушно дејствување низ западен Иран, сè до Техеран“.

Ден претходно, воздушните напади особено ја целеа постројката за збогатување на ураниум во Натанз (централен Иран). Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информации од иранските власти, изјави дека нејзиниот површински дел е уништен.

Израелската војска исто така изјави дека го „демонтирала“ постројката за преработка на ураниум во Исфахан (централен Иран).

Иран ја критикуваше МААЕ за „молкот“ во врска со израелските напади и рече дека повеќе нема да „соработува“ со неа „како порано“.

Иран најавува „посилен одговор“

Во израелските напади беа убиени и највисоки офицери на земјата, вклучувајќи го командантот на Револуционерната гарда, генералот Хосеин Салами, командантот на Воздухопловните сили на гардата, Амир Али Хајизаде, и началникот на штаб, генерал Мохамад Багери. Убиени се и девет научници од иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претставник при ОН, Амир Саид Иравани, во петокот извести за најмалку 78 мртви и повеќе од 320 ранети, „од кои голем дел се цивили“. Во напад со дрон на возило на брза помош на северозападот од земјата во сабота беа убиени две лица, соопшти иранскиот Црвен полумесец.

„Ќе ги нападнеме сите позиции и цели на режимот“, изјави Нетанјаху, тврдејќи дека има „јасна поддршка“ од американскиот претседател Доналд Трамп. „Зададовме вистински удар на нивната нуклеарна програма“, додаде тој. Меѓутоа, Трамп изјави дека се согласува со својот руски колега Владимир Путин дека „војната меѓу Израел и Иран мора да заврши“.

Додека меѓународната заедница сè повеќе повикува на воздржаност, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го обвини Израел дека го турка Блискиот Исток во „опасен циклус на насилство“.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вети „посилен“ одговор против Израел доколку неговата војска продолжи со смртоносните напади.

Иранскиот воздушен простор е затворен до понатамошно, објави официјалната новинска агенција IRNA. Во Израел, исто така, е затворен меѓународниот аеродром Бен Гурион, во близина на Тел Авив.

Јордан, соседна држава на Израел, исто така го затвори својот воздушен простор по втор пат од петокот.

Според иранската новинска агенција Мехр, Иран предупреди дека ќе нападне цели во регионот кои припаѓаат на земји што му помогнале на Израел во одбивањето на иранските напади.

Американски функционер претходно изјави дека САД му помогнале на Израел во соборувањето на иранските проектили. Обединетото Кралство, пак, соопшти дека испраќа борбени авиони во регионот.

Израел ги предупредува иранските цивили да се евакуираат

Портпаролот на израелската војска издаде предупредување за евакуација за сите ирански граѓани кои се наоѓаат во близина на воени објекти.

Авихај Адрае објави „итно предупредување за сите ирански граѓани“ на социјалните мрежи.

„Сите лица кои во моментов или наскоро ќе се најдат во или околу објекти за производство на воено вооружување и придружни институции мора веднаш да ги напуштат тие области и да не се враќаат додека не се издаде ново известување“, напиша тој.

Германија му нуди на Иран преговори за нуклеарната програма

Германскиот министер за надворешни работи изјави дека се подготвени веднаш да започнат преговори со Иран за нуклеарната програма, заедно со Франција и Обединетото Кралство.

САД сакаат да го ограничат иранскиот нуклеарен програм, но новата рунда преговори е откажана денес по израелските напади врз Иран.

Јохан Вадефул, кој престојува на Блискиот Исток, изјави дека сака деескалација на конфликтот.

„Германија, заедно со Франција и Британија, е подготвена“, изјави тој за германската телевизија ARD, јавува Sky News.

„Му нудиме на Иран итни преговори за нуклеарната програма, се надевам дека [понудата] ќе биде прифатена“.

Тој изјави дека тоа е „клучен предуслов“ за решавање на конфликтот, за да се осигура дека Иран „не претставува опасност за регионот, државата Израел или Европа“.

Ирански министер: Не сакаме да ја прошириме војната, освен ако не бидеме принудени

Иранскиот министер за надворешни работи се обрати до јавноста.

Абас Арагчи рече дека иранскиот одговор на израелските напади бил чин на самоодбрана.

Додаде дека израелските напади, кои први беа извршени, не би биле можни без одобрување од САД.

Вашингтон, рече тој, треба да ги осуди израелските напади врз иранските нуклеарни објекти, додавајќи дека разговорите со САД можеле да доведат до договор.

Но, Израел, тврди тој, сакал да ги саботира тие преговори, кои САД ги сметале за клучни за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Тој исто така изјави дека Иран не сака да ја прошири војната, освен ако не биде принуден на тоа.

Тагови
реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Свет

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Трамп ќе гради Триумфална капија

Read more

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе