Турција забрани влез на ЛГБТК+ крузер

Макфакс
/ 03.07.2026 / 09:32

Турските власти забранија крузер со странски патници од ЛГБТК+ заедницата да се закотвува во пристаништата, наведувајќи ја заштитата на „моралните стандарди“ и „семејните вредности“. Одлуката беше потврдена во четвртокот од извршниот директор на компанијата што ја организира медитеранската турнеја.

Крузерот Scarlet Lady

Крузерот Scarlet Lady, кој отплови од Грција на 5 јули на патување наречено „Атина до Венеција“, требаше да се закотви во турското пристаниште Кушадаси два дена подоцна, а потоа да го продолжи своето патување до Истанбул. Патувањето е организирано од Atlantis Events. Сепак, локалните власти во Турција ја откажаа посетата, објаснувајќи дека бродот бил изнајмен од група „позната по своето однесување кое е некомпатибилно со нивното општество и морални вредности“.

На бродот Scarlet Lady, кој е во сопственост на Virgin Voyages на Ричард Брансон, се очекуваат повеќе од 1.000 патници, претежно од САД. Atlantis Events објави дека, „поради околности надвор од нивна контрола“, биле принудени да го променат планот за патување и дека наместо во Турција, бродот ќе се закотви во Каиро, Египет и на грчкиот остров Крит.

„Искрено, ова е доста шокантно. А, причината е што ние сме геј група“, изјави за CNN, Рич Кембел, претседател и извршен директор на Atlantis Events, коментирајќи ја одлуката на Турција. „Многу ме загрижува кога една земја одлучува дека може да избере кои туристи да ги пушти, а кои не“, додаде тој.

Кембел истакна дека ова е прв пат во 36 години работење на компанијата „експлицитно да ѝ се каже дека не смее да пристигне некаде поради тоа кои се. Нагласи дека не станува збор за политички активизам.

„Ние не сме политичка организација. Не доаѓаме тука за ништо друго освен да трошиме пари, да се забавуваме, да одиме на екскурзии и да бидеме исклучително со почит кон секоја култура што ја посетуваме“, рече Кемпбел.

Властите во турската покраина Ајдин, каде што се наоѓа пристаништето Кушадаси, изјавија дека „апсолутно нема можност дотичната група да ја посети нашата покраина за настан од ваков вид“.

Во меѓувреме, властите во Истанбул објавија дека полицијата извршила рација во бар откако во наводна „брошура за Atlantis“ се споменува забава во барот. Кемпбел негираше дека брошурата е поврзана со неговата компанија.

Овој потег доаѓа во услови на сè поостра реторика од партијата Adalet ve Kalkınma (Правда и развој) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон ЛГБТК+ заедницата во текот на изминатата деценија, што беше осудено од групите за човекови права. Од 2015 година властите редовно ги забрануваат Парадите на гордоста во Истанбул, наведувајќи загриженост за јавната безбедност и ред.

На крузерот има околу 1.900 гости, од кои околу 1.100 од САД, додека останатите се од Обединетото Кралство, Канада, Австралија и други земји.

Веб-страницата на Atlantis Events го опишува 10-дневното патување како „епска авантура“ што ќе ги опфати сончевите медитерански дестинации, вклучувајќи ги грчките острови и Хрватска, каде што е предвидено да се закотви во Дубровник и Задар.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Свет

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Read more

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Read more

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Read more

Вести

  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе