Украина по втор пат за една недела нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Макфакс
/ 20.05.2026 / 09:28

Украински дронови наводно нападнале руска рафинерија за нафта и погон за производство на хемикалии преку ноќ, објавија руските канали на Telegram.

Ова е втор регистриран напад на секое од овие места за само една недела, објави The Kiev Independent.

Напад на рафинерија во Нижегородската Област

Жителите на градот Кстово во Нижегородската Област пријавиле дека дронови се приближувале кон рафинеријата ЛУКОЙЛ-Нижегороднефтеоргсинтез рано наутро, по што следеле извештаи за експлозии во областа.

Независниот руски канал ASTRA на Telegram објави дека по нападот се кренал чад од рафинеријата.

Ова е втор пат за една недела рафинеријата ЛУКОЙЛ-Нижегороднефтеоргсинтез да биде погодена.

Претходниот напад, кој резултираше со пожар, се случи на 18 мај. По првиот напад, Генералштабот на украинската армија објави дека рафинеријата е „еден од најголемите погони за преработка на нафта во Руската Федерација“ со капацитет од околу 17 милиони тони нафта годишно. Според украинската војска, фабриката произведува бензин, дизел гориво и авијациско гориво „што се испорачува на руските окупаторски сили“.

Нападната и хемиска фабрика на југот на Русија

Украинската армија наводно ја погодила и фабриката Невинномысский Азот во регионот Ставропол во Јужна Русија истата ноќ.

Тоа е еден од најголемите руски производители на минерални ѓубрива и хемикалии за производство на експлозиви. Фабриката годишно произведува до еден милион тони амонијак и повеќе од еден милион тони амониум нитрат, материјали што се користат во производството на експлозиви и артилериски гранати.

Градоначалникот на Невиномиск, Михаил Миненков, извести за активноста на воздушната одбрана над градот за време на нападот. Во исто време, според руските канали на Telegram, локалните жители пријавиле експлозии и пожар во градот.

Гувернерот на регионот Ставропол, Владимир Владимиров, тврдеше на Telegram дека воздушната одбрана одбила напад врз неименувана „индустриска зона“ во Невиномиск и дека немало штета.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Свет

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Read more

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Read more

ЕУ ги воведува најстрогите правила за миграција досега

Read more

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе