Украина: Русите регрутираат деца за саботажа во Украина, најмладиот имал 12 години

Макфакс/Кајгана
/ 08.04.2025 / 14:15

Речиси една петина од луѓето што ги регрутираат руските специјални служби за задачи во Украина се малолетници, кои биле користени за подготовка на саботажа или терористички напади, изјави портпаролот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Артем Дехтјаренко, во коментар за Укрінформ.

„Русите за своите задачи најмногу регрутираат малолетници, невработени и луѓе со разни видови зависности. Според нашата статистика, 22% од откриените сторители се малолетни, 55 се невработени, а другите се лица со криминално досие за разни кривични дела“, рече Дехтјаренко.

Дехтјаренко објасни дека малолетниците се поподложни на психолошка манипулација бидејќи младите не се во можност целосно да ги проценат последиците од своите постапки.

Портпаролот истакна дека подметнувањето пожари врз возила на украинските вооружени сили и саботажи на железницата се интензивирале во мај 2024 година, а масовното регрутирање деца за организирање експлозии почнало на почетокот на 2025 година.

„Од почетокот на 2025 година руските специјални служби повторно покажаа дека немаат црвени линии и дека се префрлија на терористички напади со употреба на експлозиви. Тие регрутираат, меѓу другото, тинејџери за такви злосторства“, рече Дехтјаренко додавајќи дека најмладите извршители на руските наредби откриени од СБУ за време на палењето на канцелариите на Укрзалізниця (Украински железници) имале само 13 години.

Дехтаренко изјави дека, според податоците на Службата за безбедност на Украина, само во 2025 година СБУ и Националната полиција откриле повеќе од 50 малолетници, кои по наредба на Руската Федерација учествувале во терористички напади, палење автомобили и други злосторства.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Свет

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Read more

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Read more

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Read more

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Read more
 

Вести

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Читај повеќе

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Читај повеќе

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Читај повеќе

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Читај повеќе

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Читај повеќе
  • play_arrow

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Читај повеќе

Трамп го вади Џеј Ди Венс „од нафталин“: Го праќа на преговори во Пакистан

Читај повеќе