Украинците прогласија победа во една од клучните битки

Макфакс/Кајгана
/ 30.04.2025 / 15:34

Обидот на Русија да го освои источноукраинскиот град Покровск е неуспешен, соопшти Украинскиот центар за безбедност и соработка, по месеци жестоки борби и бавно напредување на Русија околу градот.

Русија долго време се обидува да го освои Покровск, но наместо директно да го нападнат градот, руските сили маневрираат јужно од него и напредуваат кон границата со Днепропетровската Област.

Покровск е важен логистички центар и со месеци е едно од главните жаришта на борбите на фронтот. Киев го опишува како „тврдина“ во одбраната на истокот на земјата, со силни врски со други клучни градови под украинска контрола.

„Гледаме координирана руска информативна кампања која се обидува да го прикрие својот неуспех – фактот дека ја загубија битката за Покровск“, изјави Серхиј Кузан од Украинскиот центар за безбедност и соработка за Радио НВ.

Иако руските сили направија делумен напредок околу градот, Покровск сè уште останува под украинска контрола.

Според тврдењата на Киев, руските загуби во битките за Покровск се многу пати поголеми од украинските. Овие податоци не се независно потврдени, но руската армија е позната по т.н. тактика на „мелница за месо“ – испраќање голем број војници во фронтални напади, без оглед на загубите.

Кузан вели дека Украина правилно ја спроведе својата одбранбена стратегија, прекинувајќи ги руските рокови и оневозможувајќи ги нивните пошироки планови за летна офанзива. „Нивните планови пропаднаа, сега заостануваат зад сопствениот распоред, а тој е клучен за нивниот летен напад“, рече Кузан.

„Тие не можат да нè избркаат од Донечката Област затоа што ги запревме во близина на Покровск“, додаде тој.

Клик за поголема верзија
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Свет

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Read more

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Read more

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Read more

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Read more
 

Вести

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Читај повеќе