Унгарија го истражува заемот што претходната влада ѝ го одобри на Македонија преку државната banka EXIM Hungary под многу поволни услови, изјави денеска премиерот Петер Маѓар.
Заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25%, при што целосниот ризик бил покриен со 100-процентна државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на EXIM Hungary што сега се предмет на проверка, изјави Маѓар на брифинг, пренесе Index откако веста ја споделија повеќе унгарски медиуми.
Тој истакна дека ова е многу поповолно од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат кредити, но и од каматната стапка по која унгарската држава зема кредити.
Според Маѓар, постои можност владата на Орбан средствата наменети за поддршка на унгарските компании да ги искористила за зацврстување на политичката моќ на странски сојузник, а можеби и за да им обезбеди корист на блиски компании.
Премиерот Христијан Мицкоски во 2024 година изјави дека е обезбеден заем од Унгарија.