Венс: САД понудија експлицитен предлог за прекин на војната, време е страните да се согласат

Макфакс
/ 23.04.2025 / 15:30

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, ЏејДи Венс, изјави дека САД понудиле многу експлицитен предлог до Русија и Украина на патот кон мировен договор и истакна дека е време тие или да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот, објави денеска Bloomberg.

„Мислам дека ќе се повлечат нови линии на конфликт онаму каде што се моментно постојните или во непосредна близина“, рече Венс за време на обраќањето пред новинарите во Индија откога ја заврши својата обиколка на Таџ Махал.

Додаде дека ова значи дека и Украина и Русија ќе мора да се откажат од дел од териториите што моментално ги контролира една од страните.

„Ќе мора да има размена на територии“, рече Венс додавајќи дека двете страни „мора да го положат оружјето, да го замрзнат конфликтот и да продолжат да градат подобра Русија и подобра Украина“.

Истакна дека е оптимист во врска со преговорите додавајќи дека гледа оти сите страни досега преговарале со добра волја. Bloomberg наведува дека замрзнувањето на конфликтот по постојната линија на фронтот би било многу поголема загуба за Украина, чија намера беше да ги врати сите територии на исток и на југ од земјата, што Русија ги зазеде во периодот од 2011 година, вклучувајќи го и Крим. Претходно, американските претставници изјавија дека САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и да ги ублажат санкциите кон Москва како дел од потенцијален мировен договор, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не може де јуре да го признае Крим бидејќи тоа е спротивно на украинскиот Устав, пренесува Танјуг.

Разговорите планирани за денес во Лондон меѓу највисоките претставници на САД, Украина и големите европски сили беа сведени на средби на техничко ниво откога американскиот државен секретар Марко Рубио ја одложи посетата.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Свет

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Read more

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Read more

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Read more

Вести

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивото не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе