Западна Европа ги руши рекордите за температура

Макфакс
/ 10.08.2026 / 08:06

Западна Европа ги забележа најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови. Ова е за 2,79 степени повисоко од просекот за периодот од 1991 до 2020 година, објави денеска одделот за климатски промени на европската програма Copernicus.

На рекордните температури им претходеше невообичаено долг период на топлина што започна кон крајот на пролетта, за време на кој беа регистрирани 4 топлотни бранови од крајот на мај.

Податоците, исто така, покажаа јасни температурни разлики низ целиот континент. Додека Западот постави рекорди, температурите се намалија кон Источна Европа и Скандинавија, каде што беше значително постудено.

Кога се гледа Европа како целина, јули беше само 11-ти најтопол месец досега, со просечна температура од 20,49 степени.

На глобално ниво, изминатиот месец беше вториот најтопол јули досега регистриран, изедначувајќи се со јули 2024 година. Просечната глобална температура беше 16,9 степени, што е за 1,47 степени над прединдустрискиот просек.

Апсолутен рекордер сè уште останува јули 2023 година, кога просечната глобална температура достигна 16,95 степени. Податоците од Copernicus се собираат од 1950 година, а за некои параметри се враќаат на претходните периоди.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Свет

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Read more

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Read more

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Read more

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Read more

Вести

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Читај повеќе

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Читај повеќе

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

Читај повеќе