Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Во соработка со органите за спроведување на законот од Шпанија и Еквадор, Европол спроведе голема меѓународна операција со кодно име „Операција Кантабрија“, насочена против една од најголемите криминални мрежи за шверц на кокаин од Латинска Америка кон Европа.

За време на операцијата спроведена на 8 октомври 2026 година, полициските тимови уапсија 20 осомничени лица во Еквадор и извршија претреси на 23 локации.

Со години, криминалната мрежа ја искористуваше глобалната поморска трговија, користејќи го Еквадор како клучна појдовна точка поради неговата близина до Колумбија – водечкиот светски производител на кокаин.

Делувајќи под превезот на легални компании за увоз и извоз на тропско овошје, шверцерите криеле стотици килограми и тони кокаин во пратки со банани наменети за европските пристаништа.

Истрагата откри дека картелот развил обемна инфраструктура: одржувале стратешки бази во Перу и клучни европски логистички центри во Белгија, Шпанија и Холандија, а истовремено воспоставиле и оперативни и финансиски врски во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Заедничката истрага, која траеше неколку години, резултираше со заплена на повеќе од 43 тони кокаин во текот на 13 големи операции спроведени помеѓу 2022 и 2026 година. Значителен дел од клучните докази и информации беа собрани преку дешифрирање на комуникациите од енкриптираната апликација Sky ECC.

Меѓу значајните удари зададени на оваа група се пресретнувањето на речиси четири тони кокаин во Холандија во декември 2020 година и историската заплена на 13 тони кокаин во Шпанија.

Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, ја истакна важноста на оваа операција за европската безбедност.

„Меѓународната соработка е нашата најголема сила во борбата против трговијата со дрога. Криминалните мрежи не познаваат граници, а не ги познава ниту нашиот одговор. Оваа операција покажува што можеме да постигнеме со заедничка работа: запленети се 43 тони дрога и разбиена е голема рута за шверц на дрога кон Европа. Секоја пратка што ќе ја запреме помага да ги заштитиме нашите заедници од насилство и штета“, изјави Брунер.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе