Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Макфакс
/ 16.09.2025 / 08:11

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да ја заврши војната во Украина. Во ексклузивно интервју за Sky News од Претседателската палата во Киев, Зеленски рече дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот лежи во дефинирани безбедносни гаранции, за кои, вели тој, е потребна храброста на Трамп, објави Sky News.

Зеленски изрази надеж дека британскиот премиер Кир Стармер ќе ја објасни иднината на Украина за време на државната посета на американскиот претседател на Обединетото Кралство оваа недела. „Навистина се надевам дека тој (Стармер) ќе може да има многу специфична дискусија за безбедносните гаранции на САД за Украина“, рече тој.

„Пред да ја завршиме војната, навистина сакам сите договори да бидат во сила. Сакам… да имаме документ што е поддржан од Соединетите Американски Држави и сите европски партнери. Ова е многу важно“, нагласи украинскиот лидер, додавајќи: „За да се случи ова, ни треба јасна позиција од претседателот Трамп“.

Украинскиот претседател, исто така, го повика американскиот лидер да преземе „силни лични чекори“ за да го „запре Путин“. Неговиот апел доаѓа откако Трамп ги повика сојузниците во НАТО да престанат да купуваат руска нафта и воведе царини за Кина за да извршат притисок врз Москва.

„Верувам дека Соединетите Држави се доволно силни за да донесат свои одлуки“, рече Зеленски. „Верувам дека Доналд Трамп може да ни даде системи за воздушна одбрана во доволни количини, а Соединетите Американски Држави имаат доволно од нив“.

Додаде дека е уверен дека Вашингтон може да воведе санкции што ќе ѝ наштетат на руската економија. „Сигурен сум дека САД можат да применат доволно санкции за да ѝ наштетат на руската економија, плус Доналд Трамп има доволно моќ да го натера Путин да се исплаши од него“, рече тој, потсетувајќи дека Европа веќе воведе 18 пакети санкции. „Сѐ што недостасува сега е силен пакет санкции од САД“.

Зеленски, исто така, ги даде своите коментари во контекст на неодамнешниот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска. Рече дека Трамп „му дал многу на Путин“ и „требало да плати повеќе“ за состанокот.

„Верувам дека доколку беше трилатерален состанок [со вклучена Украина], ќе имавме некаков резултат“, додаде тој.

По веста дека британските борбени авиони пресретнале руски дрон над Полска, Зеленски предупреди дека Путин ја тестира силата на Северноатлантскиот договор. „Тој го тестира НАТО“, рече. „Сака да види за што е подготвено НАТО, за што се способни, дипломатски и политички, и како локалното население ќе реагира на тоа“.

Според него, Москва испраќа уште една порака: „Не се осмелувајте да ѝ дадете на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана, бидејќи можеби ќе ви бидат потребни и вам“.

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Свет

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Читај повеќе

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Читај повеќе

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Читај повеќе