Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Макфакс/Кајгана
/ 08.11.2025 / 11:29

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.

„Во тек е спасувачка операција во Днепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава“, информира Зеленски во објава на Facebook.

Според него, руските сили ги нападнале и регионите Днепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.

„Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен“, нагласи Зеленски.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе