Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Макфакс
/ 14.10.2026 / 20:11

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија. Во интервју со британскиот водител Пирс Морган, тој призна дека Украина губи силен сојузник и рече дека Трамп ја избира погрешната страна, пренесува The Kyiv Independent.

Морган праша дали се чувствува предаден по договорот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во врска со дизелот, ублажувањето на санкциите и продолжувањето на руските напади врз украинската енергетска инфраструктура. „Всушност, да. Искрено, само меѓу нас. Но, мислам дека е малку покомплицирано од моите емоции или чувства. Тоа не зависи од мене. Нашата земја мора да опстане“, одговори Зеленски.

На прашањето како реагирал кога дознал за договорот на Трамп со Путин, постигнат 21 ден откако беа воведени нови санкции против Русија, Зеленски рече дека таквиот развој на настаните го разочарал. „Жалосно е што губиме, што губиме силен партнер. Тоа е моето мислење“, рече украинскиот претседател.

Морган потоа директно го праша дали смета дека Украина ја губи Америка. Зеленски одговори потврдно и објасни зошто неговата земја не може да ги прифати американските барања што би го загрозиле нејзиниот опстанок.

„Да, но не по наша вина. Не смееме да бидеме слаби бидејќи во спротивно не можеме да опстанеме. Ние не ја продаваме нашата земја. Видете, луѓе, ова за нас не е бизнис. Ова е нашиот живот, ова е нашата земја. Ова е нашето тело, нашиот дом, нашите деца. Ова е исклучително важно за нас“, рече тој.

„Затоа е болно кога претседателот Трамп избира една страна, а не нашата. Немаме ништо против тоа тој да биде во средината. Но, ако си во средината, мора да останеш во средината, а не да преминеш на погрешната страна“, продолжи Зеленски.

Во исто време, украинскиот претседател упати критики и кон луѓето од опкружувањето на Трамп, сметајќи дека тие го насочуваат американскиот претседател кон одлуки што ѝ користат на Русија.

„Мислам дека неговите советници грешат. Не знам кој го турка кон погрешната страна. Тоа не е вистинската страна на историјата“, рече тој.

На 9 октомври, Трамп објави договор што би овозможил продажба на руски дизел на светскиот пазар, и покрај претходно воведените санкции. Во последните денови, американскиот претседател, исто така, го засили притисокот врз Украина да престане со нападите врз руските нафтени постројки, тврдејќи дека таквите напади придонесуваат за пораст на цените на горивото.

Трамп, исто така, изјави дека некој друг треба да го замени Зеленски на чело на Украина. Според претходни медиумски извештаи, американската администрација размислувала и за ограничување на споделувањето разузнавачки податоци и испораката на муниција со цел да изврши притисок врз Киев.

Во меѓувреме, Трамп објави дека Русија и Украина се договориле за енергетско примирје; сепак, руските сили продолжија да ја напаѓаат украинската енергетска инфраструктура. Во текот на ноќта кон 14 октомври, тие извршија нов голем напад со ракети и беспилотни летала, гаѓајќи енергетски објекти во регионите на Киев и Харков.

На прашањето за продолжените напади, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека условите за евентуалното енергетско примирје сè уште не се дефинирани. Наведе дека работата на предлогот е во тек.

Зеленски исто така ги коментираше ограничувањата на пристапот до сателитскиот интернет Starlink, кој украинските сили го користат за комуникација и воени операции. Тој ја нарече одлуката „голема грешка“, а на 14 октомври Украина потврди дека ограничувањата на пристапот до терминалите ги попречуваат нејзините борбени операции.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе