Мобилни

Ветено-испорачано: Xiaomi го претстави смартфонот со камера со 48 мегапиксели

10. јануари 2019 - 11:03 | А.С.

На крајот на минатата година, претседателот на компанијата Xiaomi Лин Бин најави смартфон со камера од 48 мегапиксели, а сега тој уред конечно беше претставен за јавноста.

Се работи за смартфон што припаѓа на основните модели на брендот Redmi, кој го доби името Redmi Note 7.

Многу е сличен на поевтиониот модел Mi Play што беше претставен пред неколку недели, со мал кружен „заб“ на екранот, шарен заден панел каде е смесен сензорот за отпечаток од прст, како и две задни камери.

Новитет е главната камера со 48 мегапиксели (f/1.8), ако и втората камера од 5 мегапиксели што се користи за длабочина.

Камерата може да снима фотографии во 48 милиони мали пиксели од 0,8 микрони во добро осветлување, или да ги комбинира пикселите со што се добива фотографија од 12 мегапиксели со поголеми пиксели д 1,6 микрони.

Redmi Note 7 доби 6,3-инчен дисплеј со резолуција од 1080p и формат 19.5:9, Snapdragon 660 процесор, селфи камера од 13 мегапиксели, батерија од 4.000 mAh, USB-C порт и отвор за слушалки.

Redmi Note 7 со 3 GB RAM и интерна меморија од 32 GB чини 150 долари, а верзијата со 6 GB RAM и интерна меморија 64 GB чини речиси 200 долари.

Овој смартфон прво ќе биде достапен во Кина, а потоа и на други одбрани пазари.

Коментирај