Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Припадници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК) ја блокираа попладнево улицата „УЧК“, каде што се ноѓа седиштето на Организацијата, во знак на протест поради апсењето на претседателот на организацијата, Хисни Гуцати, од страна на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тие фрлаа флаши и други предмети кон припадниците на ЕУЛЕКС кои учествуваа во денешната неколкучасовна акција во седиштето на ОВВ-ОВК, извдедена на барање на Специјализираните комори, односно меѓународниот суд за Косово, кој ги истражува претпоставените воени злостроства во и непосредно по ксоовско-српската војна од 1998-99 година.

Полицајците на ЕУЛЕКС, кои по апсењето на Гуцати останаа на местото на настанот, се засолнија во влезот на зградата во која се наоѓа седиштето на ОВВ-ОВК и досега нема информации за евенетуални повредени во протестот, ниту од нивна, ниту од страна на групата која протестира.

Ситуацијата, без инциденти, ја расчистија припадниците на Полицијата на Косово, кои го обезбедуваа објектот во кој се наоѓаат канцелариите на ветераните на ОВК.

Членот на раководството на ОВВ-ОВК, Метуш Криезиу, кој им се обрати на новинарите пред седиштето на организацијата, информира дека Гуцати, според членовите на неговото семејство, веќе е префрлен во Хаг и е сместен во притворното одделение на Меѓународниот суд, познат во косовската јавност како „суд за ОВК“.

Тој рече дека ОВВ-ОВК нè повикала на протест пред нејзиното седиште и нагласи дека доколку го стореше тоа „ќе имаше блокада и ситуацијата ќе беше многу потешка“.

– Ги повикуваме нашите институции да реагираат, за да не дојде до ескалација на ситуацијата, порача Криезиу.

Новинската агенција КосоваПрес, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека, по повод најновите случувања, попладнево се очекува седница на претседателите на ограноците на ветеранската организација на ОВК.

Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица доставија бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг.

Денешниот упад на ЕУЛЕКС во просториите на ОВВ-ОВК и апсењето на Гуцати уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово и офицер на ОВК Салих Мурати, кој е првиот официјално обвинет од трибуналот во Хаг. Мурати и Гуцати се првите од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99 кои се уапсени по налог на Специјализираните комори за Косово. 

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го упаси попладнево и потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната восјка на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе