Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Груевски и вонреден конгрес на партијата

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се и основачите и првото раководство на партијата, по завршувањето на денешниот состанок, побараа претседателот на партијата, Никола Груевски, да си даде оставка и да се формира тело што ќе спроведе вонреден конгрес за избор на нов лидер, со нови раководни органи.

Како што изјави Илија Димовски – Шаторот, првиот градоначалник на Прилеп и еден од најстарите членови на партијата, ветераните донеле пет заклучоци, кои ќе бидат доставени до раководството на партијата.

Меѓу тие заклучоци, како што рече тој, е и дека одлуките на ова раководство не се валидни затоа што против повеќето од нив се водат судски постапки.

„Против голем дел од членовите на сегашното раководство се водат повеќе истражни и судски постапки и затоа сметаме дека ова раководство не е во состојба да носи одлуки што се од интерес на партијата и државата. Тие за нас нема да претствауваат валидни акти“, рече Димовски.

Инаку, инфилтрирана група луѓе им пријде на медиумите и рече дека не се согласува со мнозинството ветерани на состанокот. Еден од нив беше Тане Марковски од Охрид, кој по завршувањето на состанокот се претстави дека е против овој собир и дека дошол да каже дека го поддржува Груевски.

„Ние сме меѓу првите луѓе што се боревме и ги издржавме шибањата на СДСМ и затоа сега нема да дозволиме никој да не разубеди дека ова не е нивно масло. Не се согласувам со заклучоците изнесени овде и го поддржувам Груевски за лидер“, рече Марковски.

Ветераните бараат и поголемо учество и вклучување во органиите на партијата преку формирање унија на ветерани. Тие, всушност, побараа да се укине досегашниот Совет на ветерените, кој бил формиран со консензус на ветераните и целосно бил дискринминиран и маргинализиран од оваа раководство.

Инаку, како членови ветерани на ВМРО-ДПМНЕ се регистрирани околу 40.000.

реклама

Македонија

Утре променливо облачно со локален дожд

Read more

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Read more

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Read more

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе