Ветеранот Миура се врати во Европа - како изгледа играње фудбал на 55 години?

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура неодамна се врати во европскиот фудбал на 56 години, а сега на интернет се појави видео како изгледа кога човек на таа возраст игра фудбал.

Миура е најстариот професионален фудбалер во историјата. Изненадувачката вест неодамна се покажа како вистинита, а тоа е дека овој повеќе од искусен Јапонец се враќа во европскиот фудбал.

Тој потпиша за португалскиот второлигаш Оливејренсе. Таму пристигна, поточно, на позајмица од јапонска Јокохама. Сепак, тој сѐ уште нема заиграно за овој клуб, но изминативе денови на YouTube се појави видео од неговите потези од теренот кога последен пат играше.

Миура го одигра својот последен натпревар пред нешто повеќе од една и пол година. Компилацијата од неговите потези е снимена кога имаше 55 години, а како изгледа кога човек на таа возраст е на теренот, погледнете во прилог.

Интересно е што компилацијата, која беше објавена на YouTube минатиот месец, веќе собра 2,5 милиони прегледи и стана вирална.

Remote video URL

Позајмениот од Јокохама е последниот активен фудбалер кој се појавил на популарната игрица „FIFA 96“.

Кариерата ја започна далечната 1986 година, а од попознатите клубови играше за бразилските Сантус, Палмејрас и Куричиба, загрепски Динамо, јапонбските Верди Кавасаки, Висел Кобе и Кјото, италијанска Џеноа и австралиски Сиднеј. За јапонската репрезентација одигра 89 натпревари и постигна 55 голови, но никогаш не заигра на Мундијал.

реклама

Фудбал

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе