Ветрот носи убаво време: Дигитално издание на 21 Моден викенд Скопје

Александра Спасеска
/ 15.05.2020 / 09:53

Новите колекции од учесниците на 21. сезона на Моден викенд Скопје ексклузивно ќе бидат презентирани од денеска на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall.

Ветерот носи убаво време. Време за блесок и процут. Време за љубов и надеж. Време за полет и подем. Под слоганот „FWSK goes DIGITAL“, најголемиот моден настан во градот ја започнува втората декада oд постоењето во едно сосема поинакво руво, следејќи ги во чекор актуелните тенденции од метрополите ширум светот.

21. сезона на Моден Викенд Скопје е конципирана како мултимедијален проект во дигитално издание, па наместо од редовите во публика, широката јавност сега има шанса виртуелно да го проследи и од своите домови. Организацискиот тим на манифестацијата за секого од учесниците направи промотивни видеа и едиторијални фотографии, пружајќи им максимална поддршка на домашните дизајнери во моментот.

Нивните колекции „оживеаја“ во футуристичко-индустрискиот амбиент на покривот од трговскиот центар Skopje City Mall, чии продавници за странски луксузни брендови дополнително ја збогатија програмата со разнолична понуда на облека и аксесоари за пролет и лето. Што сè може да очекуваат модните сладокусци и љубителите на уникатни парчиња, во деновите кои ни претстојат на социјалните мрежи Instagram и Facebook, или, пак, на официјалниот YouTube канал на МВСК?

Прва под синото и сончево небо над Скопје блесна колекцијата „White Stone“ so потпис на Евгенија Зафировска. Изработенa е од природни материјали, а надополнетa со чипка  и елементи од рециклиран материјал. Преовладуваат белата и светлите бои, со микс на геометриски образци и простор за создавање чувство на проток и нежни струи. Во креациите на македонската дизајнерка со љубљанска адреса е постигнат совршен баланс помеѓу архитектурата и природата. Инспирација за нивната грациозност и одржливост претставува белиот брачки камен од кој е изградена Диоклецијановата палата.

Евгенија Зафировска

„Vibrant Muse“ е називот на колекцијата од младата и талентирана Блерта Османи,  инспирирана од мексиканската култура, уметноста и воодушевувачките автопортрети на Фрида Кало. Палетата на бои, како и везовите и цветните дезени на креациите, автентично ја отсликуваат мексиканската традиција и самата уметница, феминистичка икона и муза на стилот.

Блерта Османи

Новата колекција на накит и облека од брендот Terziya го опишува екот на минимализмот во вечерните изгледи кон крајот на седумдесетите години во Њујорк. Накитот е дваесет и четири каратна позлата со жолто злато изработена во Бразил со полудраги и драги камења од проверено потекло, надополнет со кожа од питон на одредени примероци и природни кристали. Оваа колекција накит гаи посебна естетика на безвременска елеганција, истовремено носејки ги благодетите на природните камења. Начинот на изработка дозволува камењата да бидат во постојан допир со вашата кожа, со цел да  го почувствувате влијанието и енергијата на каменот што сте го одбрале.

Terziya

По речиси половина деценија отсуство од нашата сцена, дизајнерката Стефанија Насеска приреди сензационален камбек на Моден Викенд Скопје. Нејзината повратничка колекција со наслов „Candy Love“ e визуелна ода за љубовта во пастелни нијанси. Најзастапена е розовата боја во комбинација со шаренило од слатки и нежни тонови кои будат чувство на радост. Посветена е на убавите моменти во животот, а носи една и единствена порака: Ширете љубов!

Стефанија Насеска

Модното ателје KTN на сестринското трио Ангелина, Ива и Сандра Китановски, пак, дебитира на настанот со „FemmEPIRE“. Следејќи ја француската нота на кројот, колекцијата гласно говори за добро позната состојба на духот, каде со едноставен спој на црното и белото се слави женската силуета и женскиот потенцијал. Елеганција забележана како танцува помеѓу стиловите: ниедна империја не е создадена за еден ден. Но тој ден, е денес.

KTN

За пролет/лето 2020, инспирацијата за Guess колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки изглед. Од оваа сезона во рамките на Skopje City Mall, љубителите на брендот Guess ќе имаат можност да ја посетат првата моно бренд продавница во која се застапени колекциите на Guess Jeans и Marciano. Освен женската, отсега достапна е и машката Guess jeans колекција.

Guess

Брендот за ексклузивен италијански накит SIGMA Jewelry, одново мами воздишки со новата префинета колекција за тековната сезона. Сите припаднички на понежниот пол со истанчен вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошните сетови ланчиња, обетки и прстени, затоа што му даваат исклучително благородна нота на севкупниот изглед.

SIGMA Jewelry

Најголемиот луксузен мултибренд во Skopje City Mall, Magnetik Gallery  се претстави со гламурозни и екстравагантни парчиња од своето портфолио на врвни брендови: Max Mara Studio, Max Mara Leisure, Marella, Weekend Max Mara, Sportmax, Liu Jo, Patrizia Pepe, PINKO, Joseph Ribkoff и Paul & Shark. Новите сезони ни носат нови модни трендови, меѓу кои комбинирањето на спортско со елегантно, со најголем фокус на впечатливите патики како клучно парче во секоја комбинација. Деним јакна во комбинација со лежерен свилен фустан. И секако спортски гламур како трендот кој допрва ќе се истакне.

Magnetik Gallery

Извршен продуцент на дваесет и првото дигитално издание на Моден Викенд Скопје е Света Богова Јовановска. Видеата се дело на Кристијан Шемко и Марина Трајковска, додека автор на музиката е Gloomié. Екипата што придонесе кон успешна реализација на проектот ја сочинуваат: Милан Атанасов, Мајкл Шемкоски, Дамјан Корубин, Виктор Цветановски и Александар Петрушев.

Моделите се дел од модната агенција Podium. За нивниот изглед се погрижија тие индивидуално, почитувајќи ги мерките за социјална дистанца. Убавите фризури им ги овозможи козметичката линија за коса од Revlon Professional, додека за прекрасната шминка се заслужни продуктите за убавина од Farmasi во соработка со стилистката Марија Лазарова.

За мекост и свежина на облеката како никогаш порано, Моден Викенд Скопје ја препорачува колекцијата на Lenor, со која перењето алишта е најдоброто искуство што некогаш ќе го имате.

Remote video URL
реклама

Во Словенија лекуваат COVID-19 со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

Read more

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Read more

Борисов: Ќе понудам опција за повлекување, подготвен сум да заминам во секое време

Read more

Пред и потоа: Прекрасни трансформации само со промена на фризурата

Read more

Стил

Саманта Сепулведа, секси полицајка од која криминалците не бегаат

Read more

Модерните пензионери од Тајван кои го освоија Instagram

Read more

Направете сами - природна маска за кожа

Read more

15 брзи фризури за мали девојчиња со долга коса

Read more

Магазин

  • filter

Пред и потоа: Прекрасни трансформации само со промена на фризурата

Читај повеќе
  • play_arrow

Индиска кујна: Научете неколку рецепти

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали јаболковиот оцет помага за слабеење?

Читај повеќе

Како мастурбацијата влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Минал 15 километри закачен на шофершајбна од камион

Читај повеќе

Русите не ја тестирале вакцината за COVID-19 на деца

Читај повеќе

Зошто треба да имате барем еден Лав во вашиот живот?

Читај повеќе

Саманта Сепулведа, секси полицајка од која криминалците не бегаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трогателна снимка од Бејрут: Татко го заштитува синот од силните експлозии

Читај повеќе