Наближува 13 јануари, а Вевчани веќе е на нозе. Оваа година новитет ќе биде готвењето вевчански специјалитети.
Три дена ќе трае прославата во Вевчани по повод празникот Василица. Официјалната програма е веќе објавена, празнувањето почнува на 12-ти со изложба, гурманско шоу и музика, продолжува со карневалското дефиле на 13-ти, а на 14-ти завршува со палењето на маските.
Слоганот оваа година е „Напрај се василичар“, а на социјалните мрежи активен е и хаштагот #КеојшНаВевчанскиКарневал.