Вежбајте дома: Кардио тренинг без скокање
Ако не сте љубител на теретаните или едноставно повеќе сакате да вежбате во приватноста на својот дом, вежбите прилагодени за тренинг дома се клучни за вас.
Фитнес инструкторката Ана од YouTube каналот growingannanas ќе ви помогне со нејзиниот режим на кардио вежби без скокање што ќе ви помогнат да ги остварите вашите фитнес цели.