Вежбајте секој ден во исто време за максимални резултати

А.С.
/ 30.11.2023 / 14:50

Може да направите едноставно подобрување на вашиот режим на физичка активност - обидете се да вежбате во исто време секој ден.

Една нова студија спроведена на лабораториски глувци покажува дека редовниот ритам на вежбање носи повеќе здравствени придобивки.

Иако постои централен телесен часовник во мозокот сместен во супрахијазматичното јадро, сместен во базалниот дел на предниот хипоталамус, постојат и други периферни телесни часовници. Супрахијазматичното јадро е важно бидејќи го регулира деноноќниот ритам.

Нашиот централен часовник CNS (централен нервен систем) делува како главен „пејсмејкер“ за производство и одржување на деноноќниот ритам низ телото. А вежбањето може да ги ресетира периферните телесни часовници во зглобовите и 'рбетот, според истражувањето на научниците од Универзитетот во Манчестер. Доколку ова „ресетирање“ се случуваше во исто време секој ден, периферните часовници би можеле да бидат повеќе синхронизирани со главниот, откриле истражувачите.

Претходните истражувања покажаа дека несинхронизираните часовници во периферните ткива може да го зголемат ризикот од развој на здравствени проблеми како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести, пренесува Science Alert.

„Нашите резултати покажаа дека физичката активност практикувана во текот на утрото е поврзана со шемите на дневниот циклус на спиење/будење и дека ги пренесува информациите за времето од централниот часовник чувствителен на светлина на мозокот до скелетното ткиво кое носи тежина. Тоа всушност испраќа сигнал до вашиот скелетен систем дека е време да се разбудиме“, објасни Кинг-Џун Менг, хронобиолог од Универзитетот во Манчестер.

Резултатите не се потврдени кај луѓето, но научниците веруваат дека е вклучен сличен ефект

За целите на студијата, научниците ги следеле периферните часовници во 'рскавицата, 'рбетот и мозокот на глувците додека тие вежбале на ленти за трчање во различни периоди. Веќе е познато дека областите на зглобовите и 'рбетот се особено активни при физичка активност, а познато е и дека од нив се исфрла вода во текот на денот. Ова делумно ги ресетира периферните телесни часовници дневно.

Тим научници откри дека физичката активност покрај процесот на осмоларност (намалување на водата) дополнително ги ресетира овие часовници и доколку се изведува според конзистентен распоред, го подобрува тајмингот на телесните часовници.

Резултатите сè уште треба да се потврдат кај луѓето, но научниците веруваат дека е вклучен сличен ефект. Здравјето на коските и зглобовите влијае на сè во нашето тело - од тоа колку добро успеваме да изведуваме спортски активности до веројатноста за повреда или развој на состојби како артритис.

Истражувањето е објавено во списанието Nature Communications.

реклама

Лесен трик што ќе ги држи глувците надвор од подрумот, поткровјето или кујната

Read more

Како се чисти загорено дно на пегла со таблета парацетамол?

Read more

Неделен хороскоп од 26 февруари до 3 март: Голема трансформација за еден знак

Read more

Починат маж пронајден на улица во Скопје

Read more

Фит

Кој има поголема корист од вежбањето - мажите или жените?

Read more

Не мора да е месо: Најдобри вегетаријански извори на протеини

Read more

Како јадењето јајца може да влијае на слабеењето?

Read more

Мрзлива вежба за рамен стомак – прави чуда за две недели

Read more
 

Магазин

Дали треба да го галите вашето куче додека јаде?

Читај повеќе
  • filter

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Читај повеќе

Најкрцкави компири од рерна според Џејми Оливер

Читај повеќе

Кога и што е најдобро да појадуваат луѓето со дијабетес тип 2?

Читај повеќе

Кој има поголема корист од вежбањето - мажите или жените?

Читај повеќе

Вечната контроверзност на Хаваи пицата со ананас

Читај повеќе

Бурек економија

Читај повеќе

Лесен трик што ќе ги држи глувците надвор од подрумот, поткровјето или кујната

Читај повеќе

Што значат вашите секс соништа?

Читај повеќе