Вежбањето за викeнд е доволно за да останете во форма

А.С.
/ 26.09.2022 / 20:13

Сите посакуваме да имаме повеќе слободно време во денот, особено кога станува збор за вежбање. 

Но, да бидеме искрени, многумина од нас се мачат да најдат доволно време во текот на неделата за да отидат во теретана. Неодамнешното истражување покажа дека повеќе не треба да се грижите за ова.

Зголемувањето на интензитетот на активност за време на викендите е исто толку ефикасно како и вежбањето во текот на целата недела, покажаа резултатите од студијата на Универзитетот во Сао Паоло. 

Во истражувањето објавено во стручното списание JAMA Internal Medicine учествувале околу 350.000 луѓе, а податоците се собирале десет години. 

Научниците ги забележаа разликите помеѓу тренингот во недела и викенд и дојдоа до интересен заклучок.

Не е важно кога вежбате 

Податоците покажале дека видот и вкупната количина на вежбање се поважни од бројот на тренинзи. Така, експертите советуваат најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет или 75 минути интензивно вежбање. Исто така, за изгледот не е важно кога вежбате.

Откако направиле споредба на две групи вежбачи, едната која вежбала исклучиво за време на викендите, а другата која посетувала теретана секој ден, истражувачите откриле многу мала разлика меѓу нив, пред сè во однос на здравјето. Тоа би значело дека вежбањето за време на викендите е исто толку ефикасно како да вежбате неколку пати неделно.

„Наодите сугерираат дека поединците кои редовно се занимаваат со физичка активност, без разлика дали вежбаат исклучиво за време на викендите или секојдневно, имаат помала стапка на смртност од луѓето кои воопшто не вежбаат“, заклучуваат експертите.

Со оглед на тоа дека нема значајна разлика кога станува збор за споредба на двете групи, авторите на студијата потврдија дека поединците кои се занимаваат со препорачаното ниво на физичка активност имаат исти резултати без разлика дали ги изведуваат вежбите во текот на неделата или се концентрираат на вежбање за викенд. 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фит

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Read more

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе