Фит

Вежбањето може да ве усреќи повеќе отколку парите

16. февруари 2020 - 15:01 | М.С.

Сега е официјално: Вежбањето може да ве усреќи повеќе од парите. Спроведени се неколку студии за да се докаже поврзаноста помеѓу среќата и физичката активност. Доколку и вие сте дел од групата на луѓе кои мразат да вежбаат, дознајте зошто е важно да се мотивирате и да почнете со тренинг.

Имено, истражувачите веруваат дека вежбањето може да ве усреќи, но и да ви ги зголеми приходите за 25.000 долари.

Во оваа студија, истражувачите од Јејл и Оксфорд испрашуваа околу 1,2 милиони Американци за тоа каква е нивната рутина и дали практикуваат физички вежби. Тие собираа информации за нивниот пол, приходите, брачниот статус и здравствената историја. Овие параметри им помогнаа да најдат директна поврзаност помеѓу среќата и физичката активност.

Според резултатите, луѓето коишто вежбаат имаат 43 проценти подобро психичко здравје во однос на оние кои не вежбаат. Истражувачите открија дека телесната активност ги наведе испитаниците да размислат за своето ментално здравје.

Истражувачите од оваа студија, исто така заклучиле дека прекумерното вежбање може да биде контрапродуктивно за вашето здравје и има исти ефекти кога воопшто не вежбате.

Најдобрите резултати ги постигнуваат луѓето кои се активни помеѓу 30 до 60 минути, 5 пати во неделата.

Луѓето коишто вежбаат во друштво постигнуваат подобри резултати од оние кои вежбаат самостојно.

Коментирај